Крводарителна акција во организација на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ во соработка со BABY CENTAR.

Почитувани крводарители, и Вие кои се колебате да станете дел од нашиот колектив, добредојдовте на страната на најхуманиот колектив, веб страницата на Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ.

Ние сме Здружение за крводарители, основано од крводарители и основни цели ни се:
– обезбедување на дополнителни поволности на крводарителите кои ќе се зачленат во нашето здружение, преку склучување на меморандуми за соработка и договори за попусти и поволности за нашите членови кај партнерите кои ја почитуваат и уважуваат нашата хуманост;
– обезбедување на крв и крвни деривати за повиците за крв кои ги среќаваме на социјалните мрежи, како и
– заштита на актуелните крводарителски бенефиции и вложување напори за унапредување на истите.

Со голема радост Ве покануваме на нашата нова крводарителна акција, која е поддржана од BABY CENTAR, со кои ќе склучиме соработка за овозможување на трајни попусти за членовите на нашето здружение.

Нашиот нов поддржувач обезбеди симболични подароци за сите кои ќе даруваат на крводарителната акција, а ние ќе ви подариме членска картичка.

Се што треба да направите е да го пополните следниот прашалник, односно да одберете во кој од термините ќе дојдете да дарувате крв, да дарувате крв и да станете дел од нашиот хуман колектив.

Ве очекуваме!