Евиденциски листи

Евиденциски листи, каква ли е таа „изумија“?

Евиденциските листи се формулар кој се користи од страна на „волонтерот“ на ооцк за да во него ги впише сите дарители кои дарувале на одредена крводарителска акција.

Како се изработуваат и кој ги финансира?

Се изработуваат на годишно ниво и се финансирани од буџетски средства кои се проектирани во годишните „Програми за организирање и унапредување на крводарителството“, кои ги разработивме подинечно а сега сублимираме интересни фрагменти на информации.

Да погледнеме табеларен преглед на платените и изработените примероци на евиденциските листи.

ГодинаЛистиЦенаИзнос
200110000220000
200210000220000
200310000220000
200410000220000
200510000220000
200610000220000
200710000220000
200810000220000
200910000220000
201010000220000
201110000220000
201210000220000
201310000220000
201410000220000
201510000220000
201610000220000
201710000220000
201810000220000
201910000220000
202010000220000
202110000220000
202210000220000
ЗБИРЕН ИЗНОС220.000 примероци 440.000 денари

Дали е логичен квантитетот?

Ако тргнеме од фактот дека на годишно нови се организираат помеѓу 500 и 900 акции(обично бројката варира околу 700), изработката на 10/20 евиденциски листи по одржана акција делува прилично ирационален.

Да размислиме, во реални услови, по колку примерока би требало.

По завршување на акцијата, и по логиката на работите:
– оригиналниот евиденциски лист би требало да остане во ооцк, како документ од трајна вредност;
– една копија МОЖЕБИ би требала да биде доставена и до цкрсм, на знаење и за резервно архивирање;
– една копија да се достави и во трансфузиолошката служба, за евиденција(иако последниве 4 години имаат дигитална база на сите дарувања);
– една копија да се достави и до ЈЗУ ИТМ, за нивна евиденција, иако немаат потреба од неа поради постоењето на e-delfin; и на крај
– да речеме дека е потребно на крајот на годината да се достават копии од сите листи и до министерството за здравство.

По наша математика, потребни се 2-5 копии од листата за една одржана крводарителна акција, а сепак се фактурираат и изработуваат најмалку двојно пати повеќе.

Со оглед на фактот дека живееме во дигитално време, веруваме дека се принта по еден примерок кој, по негово пополнување и обработка, се скенира и праќа како прилог во останатата документација преку мејл.

Кој врши контрола на пропишаното и реализираното?

Во претходните објави покажавме дека „Програмата за организирање и унапредување на крводарителството“ ја изработува ЈЗУ ИТМ, ја усвојува министерството за здравство, а ја спроведуваат ЈЗУ ИТМ и нивниот партнер.

Како контролен механизам се воведени извештаи за реализација на програмата кои на одреден временски период се доставуваат во МЗ.

Јас, како Дамир Смајловиќ, крводарител со повеќе од 100 дарувања и актуелен претседател на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ, со седиште во Скопје, прашувам:
– Дали е оправдан овој квантитет на евиденциски листови, со оглед на фактот дека праксите и достапните технологии во 2001-ва и 2022-ра се драстично сменети, или барем можат да бидат? и
– ако не се, зошто не е изработена дополна/измена на „Програмата“ со цел да се изработуваат соодветен број на листи, а неискористените(под претпоставка дека се изработуваат и пополнуваат некој магацин – се работи за 220.000 листа хартија) ИЛИ да се искористат во следните години(да не се плаќаат извесен низ години) ИЛИ да бидат средствата кои не се соодветно искористени да бидат рефундирани во буџетот ?

Се надевам дека спомнатите субјекти ќе ги удостојат крводарителите со одговори на прашањата кои ги засегаат, бидејќи тоа се теми/прашања кои го дефинираат крводарителството преку „Програмата за организирање и унапредување на крводарителството“.

До следната среда крводарителски поздрав до сите крводарители и субјекти во системот за обезбедување на безбедна крв.

Дамир Смајловиќ.

Leave a Comment

Your email address will not be published.