COVID-19: Зошто се аплицира плазма и зошто ја поддржуваме активноста?

Ќе почнеме општо: ШТО Е JCI?

JCI е Здружена меѓународна комисија за акредитација, и е препознаена како глобален лидер за воспоставување на светски пракси, протоколи и стандарди за нега и безбедност на пациенти.

Пребарувајќи веродостојни материјали кои укажуваат на ефектот на аплицирање на рековалентна плазма на пациенти заволени од COVID-19, налетавме на овој извештај кој одлучивме да го преведеме и споделиме.

Апликација на плазма како превенција и третман на COVID-19

Тежок акутен респираторен синдром Коронавирус 2 (SARS-CoV-2), причина за коронавирусна болест (COVID-19), предизвика глобална здравствена криза.

До денес, не постојат докажани опции за профилакса за оние кои биле изложени на SARS-CoV-2, ниту пак терапија за оние кои развиваат COVID-19. Имунолошката имуно-плазма (т.е. “конвулсенсцент”) се однесува на плазма што се собира од поединци, по стабилизирање и излекување на инфекцијата и развој на соодветни антитела.

Аплицирањето на пасивни антитела преку трансфузија на конвалесцентна плазма може да понуди единствена краткорочна стратегија за давање непосреден имунитет на лицата кои се изложени или веќе покажуваат симптоми како заразени од вирусот.

Постојат бројни примери, каде што успешно се користи одредена количина на плазма како профилакса по изложеност и / или третман на заразни заболувања, вклучително и други појави на коронавируси (на пр., SARS-1, Респираторен синдром на Блискиот исток [MERS]).

За користењето на конвалесцентна плазма, која исто така се користи во пандемијата COVID-19; постојат ограничените податоци од Кина кои укажуваат на клиничка корист, вклучително со радиолошка резолуција, намалување на вирусни оптоварувања и подобрување на стапката на преживување.

На глобално ниво, центрите за собирање на крв и крвни продукти имаат добра инфраструктура за собирање и правење залихи на конвалесцентна плазма за да се задоволат потребите. Но и покрај тоа, се појавуваат следните предизвици: регулаторни и логистички, сооветност на дарителот, регрутирање дарители, жнеење(собирање) и самата трансфузија на собраната плазма.

Во моментов постои мала база на релевантни податоци, односно строго контролирани клинички испитувања за ефектот на конвалесцентната плазма, што ја потенцира потребата да се процени употребата, објективно, за низа индикации (на пр., Превенција наспроти третман) и популација на пациенти (на пр., Возраст, коморбидна болест).

Ние обезбедуваме преглед на конвулацентна плазма, од докази за корисност, регулаторни препораки, логистички тек на работата и предложени клинички испитувања, бидејќи се зголемува обемот на примената на овој критичен ресурс.

Што ова значи?

Ова значи дека во моментов водечката организација за стандардизација на медицинските пракси го увидела ефектот на аплицирање на плазмата, и работи на свои препораки за идните протоколи во болниците кои се акредитирани од неа.
Да не заборавиме да спомнеме дека две од најголемите приватни болници, `СИСТИНА` и `Клиниката Жан Митрев` се акредитирани за спроведување на стандардите кои ги наметнува оваа организација.

Зошто ја подржуваме активноста?

Ние крводарителите се водиме по основното правило: `КРВТА ТРЕБА ДА ГО ЧЕКА ПАЦИЕНТОТ, А НЕ ПАЦИЕНТОТ КРВТА!`

Ако крвен продукт во себе ги содржи соодветните антитела со кои би можеле да се ублажат симптомите или да се одложи евентуално нагло влошување на состојбата на болниот, во тој случај е неопходно да се охрабрат што поголем број на луѓе кои го прележале вирусот и неговите симптоми, за да истите со дарување на својата плазма му помогнат на друг болен во стекнување на имунитет.

Да се надеваме дека ќе се најдат доволен број на дарители за да се спасат што поголем број животи од непредвидливите и ненадејни компликации кои ги предизвикува овој вирус.

Ние тоа можеме да го поддржиме најскромно што можеме, и да им се заблагодариме со една шолја од нашето Здружение, како мал спомен дека и тие некому спасиле живот!

Leave a reply

Minimum 4 characters