Други видови на дарувања

Освен дарувањето полна крв во кеси за дарување од 350 или 450 мл., постојат и посебни видови дарувања.

Под посебен вид дарување се мисли дарување на дел од крвните елементи ко е се одвива преку посебен апарат.
Самата постапка се вика афереза и во зависност од тоа што се зема од дарителот постојат следниве аферезни постапки:
-плазмафереза (дарителот дарува само плазма)
-тромбо цитофереза (дарите лот дарува само тромбоцити)

Видот на дарување и согласноста за истото зависи од дарителот. При секое дарување крв, лекарот може да Ве праша да ли сакате да дарувате полна крв или пак сте заинтересирани за дарување со афереза.

За дарителите треба да има достап на информации преку флаери и друг рекламен материјал со кој тие ќе се запознаат за видовите дарувања и можностите за избор.

На Одделението за посебни видови дарувања се вршат и постапки за харвестрација како посебна процедура во третманот на лицата заболени од леукемија. Истото се извршува во соработка со Клиниката за хематологија.

Извор: ИТМ

Leave a reply

Minimum 4 characters