Почит ли е ова или панаѓур?

Еден голем човек нѐ напушти пред неколку дена.

.

Оставив еден пасус молчење во знак на почит кон Зафир Хаџиманов бидејќи насловот на денешната колумна е импровизиран од неговиот голем хит “Љубов ли е ова или панаѓур?“

Па, да проанализираме каква е љубовта/почитта која со години ја искажуваат надлежните институции кон крводарителите.

Помина зимата и затоа денес нема да носиме ракавици!

Бенефициите кои ги наследивме од федеративното уредување.

Вчера, по некоја случајност, бев на повик за тромбоцитофереза и на шалтерот каде се подигаат картончињата ја начекав следната информација:

Информацијата која е истакната во рамките на ЈЗУ ИТМ.

Како што може да видите заокружени се 3 ставки, и тоа:
– 2 слободни работни дена; кои за жал не може секој крводарител да ги искористи; (и две дезинформации)
– Бесплатно лекување на болести на УСТА И ЗАБИ (без протетика);
Овде мора да надополниме дека истото е на сила АМА само во Клиниката за стоматологија; и ноторната лага која кружи речиси 7 години, односно од воведување на системот “МОЈ ТЕРМИН“
– Приоритет при прегледи кај лекар од општа медицина и лекар специјалист.

Овде јавно ќе поставам едно прашање…

Дали е точно дека речиси 10 години не постои уредба/правилник со кој се дефинирани крводарителските бенефиции?

Да, убаво прочитавте!

Од моментот на донесување на “Законот за здравствена заштита“ во 2012-та, односно со смена на законот од 1993-та во кој крводарителските бенефиции беа член 49 (првата слика), не постои законски или подзаконски акт со кој се регулирани крводарителските бенефиции.
Ова е потврдено со помош на “Здружението на млади правници“ во периодот во кој нѝ помогнаа во барањето правни акти на кои да го темелиме барањето на поврат на противправно наплатена партиципација на крводарител, нешто кое го преточивме во следниот онлајн сервис: pp.krvodaritel.org .

Но, доволно беше за бенефициите, за кои сме свесни дека последниве 30 години испаруваат од ткн “позитивна листа“. Да согледаме еден многу интересен параметар…

Средства за надоместок на партиципација

Денес ќе зборуваме за финансиите кои се одделуваат за покривање на партиципациите за услугите од кои се ослободени крводарителите од плаќање.

Како што може да се види од носечката слика на оваа објава, финансиите кои се издвојуваат од државната каса, а со цел покривање на партиципацијата на крводарителите е променлива категорија се во солиден пораст. Дали истиот тренд го следат и бенефициите?

Со помош на “Здружението на млади правници“, ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО НИВ!, успеавме да ги лоцираме сите “Програми за унапредување на крводарителството“ од 2000-та до 2021-ва, да ги проанализираме сите ставки за кои биле издвојувани средства, да ги категоризираме и подготвиме за објава во рамки на детални анализи.
За жал, не успеавме да најдеме слични програми пред 2000-та година, ама не престануваме со потрагата.

Делумен преглед на анализата на “Програмите“.

Бидејќи на носечката слика се гледаат износите за покривање на партиципацијата, откако е на власт една речиси непроменета политичка гарнитура/коалиција, истите не се отстранети.

За Ваша информација ќе кажам дека износот се движел од 3 до 36 милиони.денари, а како што можете да претпоставите, највисокиот износ за покривање на партиципацијата беше пред да почнат со укинување на одредени бенефиции.

Оваа објава ќе ја завршиме со јавно прашање:

Ако во последниве 4 години износот за покривање на партиципацијата на крводарителите е во подем, односно беше 7.3м во 2017-та, 13.25м во 2018-та, 22м во 2019-та, 32м за 2020-та и за 2021-ва е 34 милиони денари, кои бенефиции се вратени ( и на кој начин, односно каде се регулирани) за крводарителите а ние за тоа да не сме информирани?

Ви ветувам интересен серијал на анализи за развојот на крводарителските бенефиции и износот кој државата го издвојувала за нас.

Ќе биде интересно, поучно и ќе отвори многу очи за односот на институциите кон крводарителите.

Кога веќе надлежните затајуваат: ‘КРВОДАРИТЕЛИ ЗА КРВОДАРИТЕЛИ!’.

Претседател на Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје

Дамир Смајловиќ.

Leave a reply

Minimum 4 characters