Има ли пилот во авионот?

Последниве неколку часа сме изгубени во простор и време.

Зошто?

Затоа што се почесто се случуваат јавни повици за крв, затоа што системот за некое чудо е во глобала стабилен, а најмногу не чудат објави на кои налетавме во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи.

За кои објави станува збор?

Прво во око ни падна објавата на една од официјалните страници на многу позната невладина организација. Ја пренесуваме делумно со следните неколку слики…

Крводарителна акција, одлична информација!

Кога ги отворивме сликите, видовме нешто што ни привлече внимание.

Едниот од дарителите нема маска.

Во око ни падна левиот дарител, кој ги нема модерните аксесоари, како на пример маска.

Дел од медицинскиот персонал не носи ракавици, ама можеби е таков протоколот во моментов.

Во моментот кога помисливме дека се работи за некои стари слики, добивме потврда дека еден од дарителите на сликите е и функционер на локалната самоуправа.

Нејсе.

Ја објавивме нашата забелешка на нашите профили и… Втор бран!

Слична објава најдовме на една од официјалните фејсбук страни на трансфузиологија.
И тоа ќе го прикажеме на следните неколку слики.

Објава за истата акција на ТЕНК

Ги отворивме и тие слики за да ја потврдиме претходната аномалија, и…

7 луѓе како сардини во должина од околу 5 метри.

Да се потсетиме кои се ТЕНК:

Одличен опис на активностите на одделението.

Си го поставивме прашањето: ДАЛИ СМЕ НИЕ НЕУПАТЕНИ ЗА АКТУЕЛНИТЕ ВЛАДИНИ ПРЕПОРАКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА СО КОРОНАВИРУСОТ?

Ова прашање не натера да го отвориме профилот на министерот за здравство, господинот Венко Филипче, каде ги најдовме следниве 2 објави…

Последната објава на министерот.

И малку постара објава, на први Мај во 11 часот:

Што `носи` непочитување на препораките.

Кој се грижи за безбедноста на тие кои доаѓаат и со својата крв спасуваат туѓи животи?

Зошто наместо да се обезбедат заштитни средства за крводарителите, некој од организаторите на крводарителските акции свесно дозволува нивното здравје да биде загрозено?

Дали е ова според декларираното: `За остварување на таа цел нашата визија е да бидеме Оддел кој успешно и според Европски стандарди применува колегијалност и тимска работа, и континуирано го негува позитивниот и професиналниот однос кон крводарителите. `

Дали вака се почитуваат препораките на Владата, кои секој ден ги пренесува министерот пред кого отчет даваат одговорните од трансфузиологија?

За невладината немаме коментари, бидејќи се е кажано на овој линк,

За ова очекуваме убаво образложение, а можеби дури и одговорност!

Ваков неодговорен систем, кој го компромитира здравјето на крводарителите, не смее да продолжи да функционира! Барем не во оваа форма!

Ние бараме да се направи промена на системот и да се вметнат крводарителските здруженија како активни чинители во истиот, па со своите активности да бидат коректори на несоодветните пракси кои, за жал, и не се така ретки!

Leave a reply

Minimum 4 characters