Исхрана

Исхрана за идеална тежина, здравје и виталност.

Во каква врска се крвната група и исхраната? Или, во каква врска се крвната група со симнувањето на вишокот на килограми?

Сигурно досега имате спроведувано многу диети, исто и сте броеле калории да на крај, после “брзата и успешна диета“ пак се насоберат многу масни наслаги.

Во медицината одамна е познато дека одреди болести се јавуваат кај личности со оваа или онаа крвна група.

До најновите откритија дека исхраната е во тесна врска со одредена крвна група неодамна дошле американски лекари.

Месото е вистинска храна за нив.

Би требало да избегнуваат пченица зашто тешко поднесуваат глутен.

Намирници кои им ствараат киселина покрај пченицата се и млечните производи.

Се препорачува јадење на месо, риба и зеленчук .

Намирници кои ги дебелеат личностите со оваа крвна група се:
– карфиол;
– леќа;
– кељ;
– пченка;
– грав;
– зелка; и
– пченица.

Намирници кои помагаат за слабеење се;
– алги;
– риба;
– морски плодови;
– зелен лиснат зеленчук; и
– црвено месо.

Во кратки црти, исхраната по крвни групи не е одговор за сите болести нити може да пружи комплетна заштита од болести или нивно лечење, но е моќно средство преку кое организмот може да ја оптимизира својата состојба.

Или вегетаријанци .

За нив се препорачува доста свеж зеленчук, природна и чиста храна,производи од житарици (освен пченица) и производи од соја.

Намирници кои ги дебелеат личностите со крвна група А се:
– месо;
– грав;
– млечни производи; и
– пченица.

Намирници кои помагаат во слабеењето се:
– ананас;
– зеленчук;
– соја во зрно и
– соини производи.

Во кратки црти, исхраната по крвни групи не е одговор за сите болести нити може да пружи комплетна заштита од болести или нивно лечење, но е моќно средство преку кое организмот може да ја оптимизира својата состојба.

Луѓе кои јадат скоро све.

За нив се препорачува складно мешана храна која се состои од месо ,житарици,овошје и зеленчук.

Намирници кои ги дебелеат луѓето со оваа крвна група се:
– хељда;
– кикирики;
– леќа;
– пченка;
– сусам; и
– пченица.

Намирници кои помагаат во слабеењето се:
– јајца;
– немасни млечни производи;
– месо; и
– зелен зеленчук.

Во кратки црти, исхраната по крвни групи не е одговор за сите болести нити може да пружи комплетна заштита од болести или нивно лечење, но е моќно средство преку кое организмот може да ја оптимизира својата состојба.

Современа група која јаде мешовита разноврсна храна.

За нив се препорачува месо, риба, производи од млеко, мешунки, житарици, овошје и зеленчук.

Намирници кои ги дебелеат се:
– хељда;
– грав;
–  пченка;
– јаткасти плодови и семки;
– црвено месо; и
– пченица.

Намирници кои ги слабеат се:
– ананас;
– риба;
– зелен лиснат зеленчук;
– зеленчук;
– млечни производи; и
– тофу.

Во кратки црти, исхраната по крвни групи не е одговор за сите болести нити може да пружи комплетна заштита од болести или нивно лечење, но е моќно средство преку кое организмот може да ја оптимизира својата состојба.

Полна крв е една донација на крв. Еритроцитите,леукоцитите и тромбоцитите, како и крвната плазма, се составни компоненти на полната крв. 

Еритроцитите, или црвените крвни клетки, се крвни клетки кои содржат хемоглобин и учествуваат во преносот на кислород. 

Намалените вредности најчесто се знак за анемија или загуба на крв поради крварење. 

Зголемените вредности може да бидат предизвикани од различни состојби. 

За да се подобри состојбата со еритроцити најдобро е да се консумира зелен лиснат зеленчук, мешунки, јатки, полнозрнеста храна, риба, јајца, месо, цитруси, аронија , црно чоколадо и тн. 

Леукоцитите, или белите крвни клетки, се формираат во коскената срцевина и го штитат телото од инфекции. Тие учествуваат во имунолошкиот одговор. 

Зголемен број на леукоцити во телото обично значи бактериска инфекција. Намалениот број на леукоцити укажува на вирусна болест. 

Храна која е најдобро да се консумира за регулирање и нормална продукција на леукоцитите се омега-3, риба, ореви, ленено семе, антиоксиданти т.е овошје и зеленчук исто така витаминот Ц од овошјето и зеленчукот. 

Тромбоцитите се клетки кои учествуваат во коагулација (згрутчување) на крвта. 

Високите вредности на тромбоцити предизвикуваат зголемено згрутчување на крвта, додека намалената бројност на истите (тромбоцитопенија) предизвикува тенденција за крварење. 

За зголемување на синтезата на тромбоцитите најдобро е да се јаде пченични никулци, тиква, спанаќ, храна богата со Ц витамин, цвекло, репа, калинки, млеко, меса кои не се мрсни, како на пример пилешко, мисиркино и риба, ленено семе, јајца, бобинки, зеленчук, храна богата со витамините А и К, и тн. 

Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството и се заблагодарува на Јулијана за општите информации и насоки, а воедно и се заблагодарува за одобрениот попуст од 20% за програмите кои ги изработува.

Доколку сте член на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ и имате потреба од одреден диететски начин на исхрана, нашата соработничка ќе Ви ја изработи со 20% попуст откако ќе приложите валидна членска картичка на нашето и Ваше здружение.