За Нас

Страната на „Здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје“ е отворена верзија на групите на Здружението во кои се прават напори да се обезбедат соодветен број на крвни единици за јавните повици за крв. Воедно, здружението прави напори за обезбедување на дополнителни бенефиции или донации за скромни подароци за крводарителите.

Организацијата низ годините...

Регистрација и организација на крводарителите.

2012
2017

Регистрација во централниот регистар на здруженија на граѓани.

Дисеминација преку Фејзбук, Твитер, Инстаграм.

2018
2019

Нов вебсајт, пристапници, членски картички, меморандуми за соработка со четирите активни здруженија на крводарители.

Преработка на веб страната.

2021

Ве повикувам да ни се придружите и да не поддржите во реализирање на многуте активности кои планираме да ги реализираме во иднина. Во име на Тимот на Здружението на Крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ – Скопје : Андријана Срчокова, Анета Хаџи Каревска – Денковска, Даниела Василевска и Дејан Мариќ, Ви посакувам пријатни празници и многу успеси во годината што доаѓа. Претседател на Здружението на Крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ – Скопје,

Дамир Смајловиќ.