Парадоксот на нашиот систем

Да се навратиме десетина години во минатото и да го разгледаме формирањето на моменталниот систем за снабдување со безбедна крв.

Во далечната 2007-ма се удрени темелите на моменталниот систем, кој ние го знаеме како Институт за трансфузиона медицина, со донесувањето на Законот за безбедност во снабдувањето со крв.

Детали за законот од официјалната страна на министерството за здравство

Ова е одлична информација, бидејќи се воведуваат некои нови прописи и стандарди. Се воведуваат барем на хартија, но во моментов нема да се осврнеме на дел од тие пропусти. Нив можете да ги прочитате на овој ЛИНК.

Овој блог е за една голема системска аномалија, за која не се свесни 70% од крводарителите и околу 90% од другите луѓе – освен ако не биле лежечки пациент во ГОБ и имале потреба од крв.

За што станува збор? Видете на следната слика.

Воена болница стана Градска општа болница `8-ми Септември`

Во што е тука проблемот?

Проблемот е што системот на ИТМ е формиран додека трансфузиолошкото оделение во ВОЕНА, сега веќе ГОБ, беше под ингеренции на министерството за одбрана и најверојатно сеуште е.

Некој ќе каже дека тоа и не е некој проблем, се додека не го отвориме украсното пакување на целот систем.

Проблемот е што системот ГОБ ја гледа како страно тело!

Дали сте запознаени со фактот дека сета крв која се користи во рамките на ГОБ е потребно да се обезбеди во рамките на тоа одделение? Да не бидеме крути во изразувањето: ПОЖЕЛНО Е да се дарува таму.
ЗОШТО?
Затоа што ако нема доволно крв во ГОБ, за да се обезбеди истата се нуди опцијата за обезбедување на `фамилијарни дарители` или таа да се требува од ИТМ, со што постои веројатност истата да му биде фактурирана на здравствениот осигуреник при негово отпуштање од болничкото лекување.

Тоа се причините зошто нашето здружение упорно инсистира и апелира крводарителите кои се во можност, да ги направат своите дарувања во ГОБ:
1. Да не дојде до можност за кусок на крв ( во 10 годишното искуство на помагање при јавни повици за крв на социјалните мрежи, приближно: 80% се за пациенти во ГОБ, 10% се за во приватните клиники, околу 5% се за другите градови и околу 5% се за дарители на тромбоцити на клиника);
2. Да се избегне евентуално ставање на нашите осигуреници во поголеми трошоци, само затоа што крвта ја требуваат од ГОБ а не на пример од Хируршка болница Наум Охриски.

ДА, убаво прочитавте!

Ако при сообраќајка едниот патник биде однесен во ГОБ а друг на клиника, за патникот кој завршил на клиника ќе се обезбедува крв од сите трансфузиолошки оделенија во рамките на системот на ИТМ, додека за другиот ќе треба да биде обезбедена крвта во ГОБ со цел да се избегне фактурирање на истата.

Оваа година навршија 10 години од оваа парадоксална ситуација, а проблемот сеуште не е решен.
Во овој момент ги потсетуваме министрите за здравство и за одбрана дека не е завршена потполна трансформација на бившата Воена болница и дека има работи кои треба да се решат!

Да се навратиме на причината на оваа објава.

Моментално актуелна кампања

Вчера налетавме на овој флаер на социјалните мрежи и повикуваме на освестување до сите инволвирани во неа за овој конкретен системски пропуст. Зошто е изоставена ГОБ?

Тука мораме да го нагласиме моментот дека ГОБ е во моментов КОВИД-19 центар, дека во неа има и пациенти кои се заразени, дека ако дојде до кусок на крв и се побараат `фамилијарни` дарители на крв, постои голема веројатност истите да биле во контакт со болниот и со нивното доаѓање да даруваат крв да го компромитираат, односно отежнат, функционирањето на одделението за трансфузиологија а со тоа и на целата болница.

За крај би сакале да напоменеме дека оделението за трансфузиологија во рамките на ГОВ `8-ми Септември` работи со крводарители секој работен ден од 08:30 до 12:30 часот, што дополнително ја ограничува можноста за дарување во него на крводарителите кои работат само прва смена.
За моменталните потреби од конкретна крвна група можете да се информирате на бројот 02-308-7672.
Ве охрабруваме да се јавите и да го направите Вашето дарување во ГОБ ако резервите од Вашата крвна група се ниски, со цел да се избегнат јавни повици за крв.

Повикот за освестување и разрешување на оваа аномалија е јавен, и јавно ги повикуваме министрите да се заложат за нејзино конечно разрешување!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *