Програма за 2008(2007)

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2008-та, со краток компаративен осврт на 2007-та година.

 

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2008-та година, страница 1
ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 1

На почетната/воведната страница гледаме мали измени во кои се нагласува важноста на промоција/пропаганда за крводарителството.

 

Идеме со следната страница.

ПРОГРАМА за 2008-та година, страница 2
ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 2

Една од поважните измени на втората страница е:
– организирање на семинари и работилници за едукација на мотиватори за доброволно и бесплатно крводарување.

 

Да ја погледнеме и третата страница.

ПРОГРАМА за 2008-та година, страница 3

На третата страница гледаме детално појаснување на новата организациска/функционална поставеност на ИТМ, согласно “Законот за безбедност во снабдувањето со крв“(Службен весник на РМ“ бр. 110/2007 година).

Идеме со наредната страница.

ПРОГРАМА за 2008-та година, страница 4
ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 3

На оваа страница ќе го повториме прашањето:
– ДАЛИ ПОДАРОЦИТЕ ДОБИВААТ ПОДАРОЦИ ОД ЦКРМ ИЛИ ЦКРМ САМО ГИ ДЕЛИ ПОДАРОЦИТЕ КОИ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ПРОЕКТИРАНИ СО ОВАА ПРОГРАМА?

ПРОГРАМА за 2008-та година, страница 5
ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 4

На оваа страница се забележуваат некои измени/дополни во задачите на субјектите вклучени во процесот на обезбедување на крв.

Ќе нотираме дека никаде не се спомнати крводарителските здруженија, како главни столбови на кои се потпира целиот процес за функционирање на субјектите.

Идеме на следната страница.

ПРОГРАМА за 2008-та година, страница 6
ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 5

Потврда за претходната констатација можеме да најдеме во точката 5 “СОРАБОТКА“.

Како може да функционира системот кој се заснова на хуманоста на тие од кои раце се собира најскапоцената течност, а истите да не бидат вклучени во процесот на дефинирање на системот?

Од другите работи, гледаме дека износот за компензација на секоја планирана(55.000)/реализирана единица на крводарителни акции И ВОН НИВ е 120 денари. Тука не можеме а да не се потсетиме на изјавата на директорот на ИТМ, во која спомна дека во 2021-ва е постигнат рекорд со реализирани 50.960 единици.

ПРОГРАМА за 2008-та година, страница 7
ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 6

На оваа страница гледаме дека останува на сила ставката за набавка на “Стимулативни средства-подароци за крводарители“  со 1.000.000 денари.

Pреминуваме на последната страница од ПРОГРАМАТА за 2008-ма, а со неа и за оваа работна недела.

ПРОГРАМА за 2008-та година, страница 8
ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 7

 

На последната страница можеме да видиме уште едно намалување на средствата наменети за покривање на партиципацијата од која се ослободени крводарителите со повеќе од 10 дарувања.

Тие средства се очигледно пренаменети во новата ставка/точка 10: ЗА ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ПРОГРАМАТА СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ 1.500.000 ДЕНАРИ.

Продолжуваме од понеделник, со ПРОГРАМАТА за 2009-та која претрпе 2 корекции во своето времетраење, односно дополнувања на финансии, кратења на финансии и слично.

Следете не и бидете информирани за реалните состојби во крводарителскиот сектор.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *