Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2009-та, со краток компаративен осврт на 2008-та година.
И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.
Да започнеме со првата страница.
Денес ја објавуваме деветтата по ред ПРОГРАМА.
Со оваа програма започнува циклусот на програми со измени во текот на нивното спроведување.
Идеме на втората страница.
Оваа програма е воедно една од најдолгите, со цели 10 страници и една измена/дополна од една страница.
Ќе ги прескокнеме формалните делови и ќе задвижиме кон суштинските делови.
Освен некои минимални козметички измени на оваа страница, во споредба со минатогодишната, не забележуваме суштински разлики.
Проблемот со новиот формат е што одредени информации од ланската програма е што одредени работи се на 2 страниц, односно поместени.
Во овој дел ќе го издвоиме делот дека:
– Дарувањето на крвна плазма или крвни клетки може да се прави до 12 пати годишно, или во превод: ЕДНАШ МЕСЕЧНО.
И оваа страница е иста, со разлика што соодвестува со страницата 5 од минатогодишната и и недостасува делот за заеднички активности на ИТМ со ЦКРМ, кои следуваат на следната страница.
И оваа несуштинска страница ја затвораме со жална констатација дека и во оваа програма е изоставена соработката со крводарителски здруженија.
ПРОГРАМА за 2009-та, страница 7
На оваа страница заклучуваме дека бројот на планирани дарувања и износот за компензација на ЦКРМ останува ист: 120 ДЕНАРИ ЗА ПЛАНИРАНИ 55.000 ДАРУВАЊА.
Се е тоа во ред ако не се земе во предвид дека поголемиот дел од реализираните дарувања се извршени во службите на ИТМ и Тука не можеме а да не се потсетиме на изјавата на директорот на ИТМ, во која спомна дека во 2021-ва е постигнат рекорд со реализирани 50.960 единици.
ПРОГРАМА за 2009-та, страница 9
На оваа страница ќе забележиме спектакуларно зголемување на финансиите одредени за “Стимулативни средства-подароци за крводарителите“, односно од 1 милион денари на 2.5 милиони – преку ЦКРМ.
За жал, или среќа, со измената на програмата(која ќе ја прикачиме на самиот крај) износот е намален на 925 илјади денари.
Од навидум истиот планиран/распореден износ за финансирање на програмата, веќе видовме дека дека биле планирани дополнителни финансии за да може ЦКРМ да демонстрира грижа за крводарителите преку подароците.
Сега гледаме дека истите се префрлени од минатогодишната точка 10: ЗА ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ПРОГРАМАТА СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ 1.5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ.
За крај го оставаме најлошиот дел, односно измената на програмата.
Со оваа измена се намалуваат финансиите за обезбедување на промотивен материјал, тој кој треба ЦКРМ да го обезбеди и подели на крводарителите, а се воочува и намалување на финансиите за покривање на партиципацијата за крводарителите, од 19.5 милиони денари на 16.575 .000 денари.
Најинтересните информации, за жал негативни, допрва следат.
Следете не и Вие.