Програма 2010(2009)

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2010-та, со краток компаративен осврт на 2009-та година.

 

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2010-та, страница 1
ПРОГРАМА за 2009-та година, страница 1

На првата страница не гледаме некоја разлика, освен намалувањето на фонтот, со што ни се поместуваат паритетите на страниците.

 

Идеме со следната страница.

 

ПРОГРАМА за 2010-та, страница 2
ПРОГРАМА за 2009-та, страница 2

На оваа страница гледаме дека се донесени пправилници за уредување на крводарителството, се разбира, во текот на претходната година.

Наскоро ќе ги објавиме и нив.

Да продолжиме.

ПРОГРАМА за 2010-та, страница 3
ПРОГРАМА за 2009-та, страница 5

Како што може да забележите, содржината од третата страница соодвестува со петтата од минатогодишната програма.

Фали еден пообемен пасус/дел, ама не е од суштинско значење.

ПРОГРАМА за 2010-та, страница 4
ПРОГРАМА за 2009-та, страница 6

На оваа страница забележуваме:
– намалување на опфатот на активности на мин. за здравство;
– зголемување на ставките во активностите на ЦКРМ и ИТМ.

 

ПРОГРАМА за 2010-та, страница 5
ПРОГРАМА за 2009-та, страница 7

На оваа страница забележуваме дека:
– Делот за дефинирање на надлежностите на ФЗО е во целост отстранет; и
– Делот за СОРАБОТКА исто така го нема.

Најверојатно сите ставки од делот за соработка се вметнати во делот на активности со ЦКРМ.

ПРОГРАМА за 2010-та, страница 6
ПРОГРАМА за 2009-та, страница 9

На оваа страница забележуваме повторен обид за големи финансии за подароци за крводарителите.
Минатата година беа планирани 2.5 милиони(сратено на 970 илјади) а сега има 2.28 милиони.

 

ПРОГРАМА за 2010-та, страница 7
ПРОГРАМА за 2009-та, страница 10

Забележуваме драстично намалување на финансиите за покривање на патиципацијата.
За разлика од ланските планирани 19.5, а одобрени 16.5 милиони денари, за 2010-та се планирани скромни 3.163.000 денари.

Секоја чест!

На крај ќе ја објавиме и измената, која следеше подоцна, истата година.

ДОПОЛНА на ПРОГРАМА за 2010-та, страница 1

Во измената повторно гледаме намалување:
– на третина се намалува делот за ЈУБИЛЕЈНИ ПРИЗНАНИЈА; и
– Се зголемува сумата за неподмирени долгови од 1.208.230 денари на 2.280.000 денари.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *