Програма 2011(2010)

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2011-та, со краток компаративен осврт на 2010-та година.

 

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2011-та, страница 1
ПРОГРАМА за 2010-та, страница 1

На првата страница повторно забележуваме несуштински концептуални измени и глорификација на поедини субјекти во сегментот на крводарителството.

Преминувам на следната.

 

ПРОГРАМА за 2011-та, страница 2
ПРОГРАМА за 2010-та, страница 2

Како што забележувате, деловите кои обично ги пополнуваа првите страници – сега ги нема.

На оваа страница ќе забележиме еден момент, односно во ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА, третата алинеја:
-Мобилизирање на партнерски организации и клубови на крводарители.

Крводарителските здруженија, кои тогаш постоеле и сеуште постојат, беа игнорирани а акцент беше ставен на неформалниот клуб на координатори на акции, кој фигурира во рамките на ЦКРМ.

ПРОГРАМА за 2011-та, страница 3
ПРОГРАМА за 2010-та, страница 3

Откако заврши воведниот дел, наменет за едниот од актерите во системот, програмата се враќа во нормалната форма.

Забележуваме и дека, за разлика од ланската, недостасува делот за законско уредување-унапредување на работењето на ИТМ.

ПРОГРАМА за 2011-та, страница 4
ПРОГРАМА за 2010-та, страница 5

И оваа страница е речиси иста со ланската.

 

Идеме понатаму.

 

ПРОГРАМА за 2011-та, страница 5
ПРОГРАМА за 2010-та, страница 5

Да бидеме искрени, едвај ги распознавме/разграничивме надлежностите и одговорностите на субјектите, ама востановивме дека нема речиси никакви измени.

Идеме на интересните делови од секоја програма.

ПРОГРАМА за 2011-та, страница 6

На оваа страница воочуваме дел за ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ.

А да, за малку ќе изумевме, за планирани 55.000 дарувања ЦКРМ треба да добие по 140 денари од единица, или 7.7 милиони денари.

ПРОГРАМА за 2011-та, страница 7
ПРОГРАМА за 2010-та, страница 6

Воочуваме дека финансиите планирани “за унапредување на крводарителството“(14 милиони денари, воглавном се наменети за надомест на ЦКРМ за секоја реализирана единица крв – дури и таа кога крводарителот своеволно-самоиницијативно дарува во одделение за трансфузиона медицина.

ПРОГРАМА за 2011-та, страница 8
ПРОГРАМА за 2010-та, страница 7

Во моментов финансиите планирани за покривање на партиципацијата се воглавном исти како и тие за минатата година.

Да видиме какви изненадувања ни носи измената/дополната.

ДОПОЛНА на ПРОГРАМА за 2011-та, страница 1
ДОПОЛНА на ПРОГРАМА за 2011-та, страница 2

Забележуваме намалување на финансиите кои се издвоени за ЦКРМ, од 140 на речиси 85 денари.

ДОПОЛНА на ПРОГРАМА за 2011-та, страница 1
ДОПОЛНА на ПРОГРАМА за 2011-та, страница 2

Со втората измена на програмата забележуваме:
– Зголемување на надоместокот на ЦКРМ за трошоци за подготвување и организирање на крводарителски акции на ООЦК, од првично планирани 140 денари по единица, на 150 денари по планирани 55.000 единици(8.2 милиони денари); и

-Зголемување на финансиите планирани за покривање на партиципацијата од 3.5 на 4.5 милиони денари.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *