Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2016-та, со краток компаративен осврт на минатата година.
И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.
Да започнеме со првата страница.
На првата страница ќе ја истакнеме реалноста: “Недостаток во обезбедување на крв во државата, ќе предизвика застој на хируршки и други интервенции за кои е потребна апликација на крв и спасување на животи.“
Ова е ТОА што треба да им се вреже во глава на сите носители на функции.
Од другите работи, ќе нотираме еден лапсус во куцање, односно последниот текстуален дел во активностите на ЦКРМ:
“За 2016-та година се планирани 5.500 дарувања, а за секоја единица крв е предвидено по 100 денари за организација на крводарувањето.“
Дали е ова реалната бројка на единици кои се собираат преку акции? Можеби, не знаеме, АМА знаеме дека и ланската програма ја имаше иста грешка и дека 5.500 единици помножено со 100 денари од единица се 550.000 денари, а не планираните 5.500.000 денари.
Идеме со следната страница.
Во делот на “Изготвување на здравствено-воспитни, пропагандни материјали забележуваме:
– Измена во квантитети на поедини ставки;
– Воведување на ставка “Активности во дневен центар за дарување“, меѓу народот познат како “ДАРЕ ЏАМБАЗ“, од 80.000 денари;
– Активности за Стратегијата за крводарителство 2016-2020 –
печатење, успешно реализирана, за разлика од таа која требаше да се изготви лани(2021-ва), ама ќе дојде и тоа на ред.
На оваа страница забележуваме и мали измени во колиините за изработени мотивациони средства(значки, плакети и слично) и нотираме дека износот на финансии за покривање на партиципацијата останува 9 милиони денари.
Во овие 3 страници не забележавме некои значителни измени, барем во основната програма.
Да се потсетиме дека ланската(таа за 2015-та) имаше измена, односно имаше дополнителни 10 милиони денари за покривање на партиципацијата, од кои се покриваа одредени непокриени трошоци за претходните години.
Продолжуваме утре, со програмата за 2017-та година.