Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2017-та, со краток компаративен осврт на минатата година.
И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.
Да започнеме со првата страница.
На првата страница забележуваме измена во делот на табела 1.1.2, односно недостасува ставката за “Активности за тратегија за крводарителство 2016-2020 – печатење“.
Идеме со следната страница.
На овие страници забележуваме измени во количините на обезбедени мотивациски средства за крводарителите, се разбира, согласно потребите односно информациите со кои располагаат ИТМ и ЦКРМ за бројот на потребите.
Оваа година бележиме дополнително намалување на износот за покривање на партиципациите, односно:
– во 2015-та беа планирани 9 милиони денари но,
со измената/дополната, беа додадени дополнителни 10 милиони;
– во 2016-та беа планирани 9 милиони денари; и
– за 2017-та се испланирани 7.304.500 денари.
Продолжуваме со следните страници.
Во последните страници не забележуваме работи кои се интересни за посочување.
И оваа програма ќе ја завршиме со оригиналните документи во прилог на самата објава.
Следна за објава е програмата за 2018-та година.