Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2019-та, со краток компаративен осврт на минатата година.
И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.
Да започнеме со првата страница.
Повторно забележуваме мала измена во шаблонот за креирање на Програмата.
Идеме со следната страница.
Во оваа програма забележуваме удвојување на финансиите за активности во “Дневен центар за дарување на крв“(Даре Џамбаз), односно зголемување на планираниот износ од 70 на 150.000 денари.
Следна работа која ја воочивме
речиси тројно поголем износр на финансиите за семинари се едукација на промотери на крводарителството, кои треба да ги организира ЦКРМ.
Износот беше 150.000 а сега е 375.000 денари за 3 семинари.
Следна измена која ни западна во очи е зголемувањето на финансиите за надоместок на ТРОШОЦИ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА АКЦИИ, од 100 на 120 денари по планирани 55.000 единици.
Целата спорност на ставката е што на акции се собираат помеѓу една третина и една половина од проектираните единици, а немаме званична потврда дали ЦКРМ ги добива финансиите за сите единици.
Последна ставка која ќе ја нотираме од првичната програма е зголемувањето на финансиите за покривање на партиципацијата на крводарителите од 13 на 17 милиони денари.
Да повториме дека има зголемување на износот ама нема зголемување на бенефициите на крводарителите.
Со дополната напрограмата, износот за покривање на партиципацијата е дополнително зголемен, меѓу другите работи, од 17 на 22 милиони денари.
По логиката на нештата, би требало да следи и зголемување на бенефициите, кое за жал не се случи.
Продолжуваме утре со програмата за 2020-та.