Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2022-ра, со краток компаративен осврт на минатата година.
И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.
Да започнеме со првата страница.
Првата страница, шаблонска и без никакви измени на ланската.
Идеме на следната страница.
Во Програмата за 2022-ра година, на втората страница, забележуваме една измена.
Измената на оваа страница, изоставување на последната алинеја од активностите на ЦКРСМ, односно:
– Подготовка и печатење на Стратегија за доброволно крводарителство за период 2021-2026 година.
Дали некој ја видел оваа Стратегија?
Ние во текот на целата година ја исчекувавме и не видовме нејзина промоција.
И во денешната програма ќе се навратиме во Табела бр.1:
– изработка на информативни табли за бенефиции на крводарители(1.500*80 денари), исто како за 2021-ва, ама тие не ги забележавме никаде;
– флаер за бенефиции на крводарители (20.000*3.5 денари), кои исто така никаде не ги забележавме лани;
– кампања/организирање на трибини за промоција на бенефиции на крводарители(8*8.000 денари), лани нереализирани а имаме дополнителни за оваа година;
– ОДРЖУВАЊЕ НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА(12 месеци по 1.770 денари), ланската, фантомската;
– годишна членарина за РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЕПЛ АПЛИКАЦИЈА(7.080 денари), истата, фантомската;
– Верзија 2 на АПЛИКАЦИЈАТА(надоградба и албанска/англиска верзија(која сеуште не е објавена според наши информации), 350.000 денари;
– надоместок за одржување на МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА(12*17.667 денари или 212.000); и
– АКТИВНОСТИ СПРОВЕДЕНИ ОД СТРАНА НА ИТМ, со 300.000 денари финансиски прилив на сметката на ЦКРСМ.
На оваа страница забележуваме дека износот за надоместок за организирање на крводарителски акции останува 160 денари за планирани 160 денари.
Се е тоа во ред ако не се земе во предвид дека поголемиот дел од реализираните дарувања се извршени во службите на ИТМ и Тука не можеме а да не се потсетиме на изјавата на директорот на ИТМ, во која спомна дека во 2021-ва е постигнат рекорд со реализирани 50.960 единици.
Дали во изминатите 22 години, колку што се изготвува и објавува програмата, финансиите се префрлани во целост или имало заддршка финансиите за нереализираните а испланирани единици крв?
Со ова го завршивме циклусот на објавување на програмите, а наскоро ќе започнеме со нов циклус на сублимати по ставки.
Се разбира, во текот на следната работна седмица ќе побараме извештаи/информации од сите директно/индиректно вклучени во системот за обезбедување на крв, па ќе ги објавиме нивните појаснувања/објаснувања/толкувања, баш како и овие.