17.03

Што се слави на 17.03?

Што е постаро, јајцето или кокошката?

Старата филизофска дилема може комотно да се отслика во темата на оваа објава.

Да конкретизираме…

Што е постаро, крводарителството или поедини промотори на истото?

Да загребеме во достапната официјална историографија и да видиме…

КОЈ ПРВ ПОЧНА…

За да ги дознаеме фактите ќе користиме извори од официјалните сајтови на трансфузиологија и промоторот на активноста.

ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина

Според сајтот на ИТМ:
Во Република Македонија, почетоците на трансфузионата медицина датираат од 1935 година, кога младиот Д-р. Панче Караѓозов, а подоцна и Д-р. Јован Пановски вовеле т.н. директни трансфузии. Од универзален дарител со крвна група О (во тоа време сеуште не бил познат Рх факторот), со употреба на Цанков шприц, директно прелевале на болниот мали порции од 20 мл. крв.

Да сумираме: раѓањето на трансфузиологијата датира од 1935-та година.

Продолжуваме понатаму со цитати.

Формално правно конституирање на организирана служба за трансфузија е извршена на 1. Јули 1946 година со актот бр. 1363 од кој цитираме: “За да би се осигурало давањето на крв на нуждаештите се болни, министерството на народно здравје на Н.Р.М. го донесуе следното решение при земската болница во Скопје да се фодрмира станица за трансфузија на крв… За раководител на станицата го одредуем Д-р. Бранимир Симоновиќ.

Да сумираме: решението за конституирање на “Станица за трансфузија на крв“ при “Земската болница“ во Скопје е од 01.07.1946-та.

И ќе привршиме со следниот пасус:

“По завршените подготовки, на 13.07.1946, станицата отпочнала со работа. Првите вработени заедно со Д-р. Бранимир Симоновиќ се медицинските сестри Бранка, Магда, Пенка и болничарката Косара. Овие петмина го понеле товарот на почетните тешкотии воработењето на станицата. Тогаш се собрани и конзервирани првите количества крв.“

Да резимираме: “Станицата“ почнала официјално да работи на 13.07.1946-та година.“

Промоторот во црвено

Според сајтот на промоторот:
“Црвениот крст на Република Северна Македонија е формиран на 17 март 1945 година.“
Значи, организацијата се формирала на 17.03.1945-та.

Продолжуваме со истиот пасус од нивниот сајт:
Црвениот крст на Република Северна Македонија е признат како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 01.11.1995 а на 27 ноември 1995 година станува полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење.“

Во превод: признаена е од „своето семејство(на хуманитарни организации со исто лого)“ на 01.11.1995, а на 27.11.1995-та станува полноправна членка, а на 26.07.1994-та станала единствената невладина за која е изгласан закон во собрането.

Кој е постар, кокошката или јајцето?

Ако ги споредиме информациите на нивните сајтови, дарувањето крв е 10 години постаро од формирањето на невладината која низ текот на годините успеала да го наметне датумот на нејзино формирање за неформален ден на крводарителството и крводарителите.

Логичен заклучок

Се наметнуваат две прашања:
– дали “промоторот“ е крводарителите и крводарителството? и
– дали е посоодветно да се прославува ден на официјалниот почеток на дарувањето крв ИЛИ основање на трансфузиолошката служба?

Според нас, крводарителите, посоодветна дата е основањето на трансфузијата отколку дата на формирање на некоја невладина која целиот свој имиџ го гради на крводарителството, особено кога самата трансфузиска активност/процедура постоела и се практикувала една деценија пред воопшто невладината да почне да осмислува како да се вгради во системот на снабдување со безбедна крв.

Што може да се направи?

Ние веќе подолго време го искажуваме нашиот став дека датата е несоодветна, а тоа ќе го образложиме во наредните неколку објави.

Ветуваме некои интересни објави во наредниот период.

 

Претседател на Здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ

Дамир Смајловиќ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *