Старите рекле: “Секое чудо за 3 дена“ и биле во право.
Да започнеме.
Поминаа 5 дена од 77-миот роденден на ЦКРСМ, во слободно толкување “ден на крводарителството“, и малку ми се подотворија очите, а сега е време да ја гребнеме позлатата и да ја осознаеме вистината.
Претходните 22 работни дена ги објавував “Програмите за организирање и унапредување на крводарителството во Република (во последните Северна) Македонија“, во кои помеѓу другите ставки секогаш имаше проектирано финансии за обезбедување на Мотивациски средства за крводарителите, баш како тој на сликата.

Каде е спорното?
Ако ги следевте нашите претходни објави, во кои ги објавувавме поединечно сите ПРОГРАМИ, сигурно го воочивте овој дел, односно дека ЦК(сега)РСМ добива финансии за изработка на “Мотивациони средства за крводарителите“ секоја година.
Ова, само по себе, би требало да значи дека ПРОГРАМАТА е внимателно конструирана и во неа се вградени внимателно искалкулирани потреби за предстојната година.
Ако земеме во предвид дека МОЖЕБИ “Мотивационите средства“ биле порачани пред промената на името на Република Македонија, во тој случај нема да ги земеме во предвид пресметките/програмите до 2019-та година.
Да ги погледнеме во табеларен преглед тие за 2020-та, 2021-ва и 2022-ра година.
Финансии за мотивациони средства за 2020-та
Значка за 5-то дарување
Количина 1800 Парчиња Цена 65 Денари Збирно 117.000 Денари
Значка за 10-то дарување
Количина 1300 Парчиња Цена 65 Денари Збирно 84.500 Денари
Значка за 25-то дарување
Количина 700 Парчиња Цена 65 Денари Збирно 45.500 Денари
Плакета за 50-то дарување
Количина 100 Парчиња Цена 650 Денари Збирно 65.000 Денари
Плакета за 75-то дарување
Количина 60 Парчиња Цена 650 Денари Збирно 39,000 Денари
Плакета за 100-то дарување
Количина 10 Парчиња Цена 650 Денари Збирно 6.500 Денари
Печатење на јубилејни благодарници
Количина 5000 Парчиња Цена 5 Денари Збирно 25.000 Денари
Финансии за мотивациони средства за 2021-ва
Значка за 5-то дарување
Количина 1800 Парчиња Цена 70 Денари Збирно 126.000 Денари
Значка за 10-то дарување
Количина 1500 Парчиња Цена 70 Денари Збирно 105.000 Денари
Значка за 25-то дарување
Количина 800 Парчиња Цена 70 Денари Збирно 56.000 Денари
Плакета за 50-то дарување
Количина 150 Парчиња Цена 800 Денари Збирно 120.000 Денари
Плакета за 75-то дарување
Количина 60 Парчиња Цена 800 Денари Збирно 48,000 Денари
Плакета за 100-то дарување
Количина 20 Парчиња Цена 800 Денари Збирно 16.000 Денари
Печатење на јубилејни благодарници
Количина 3000 Парчиња Цена 6 Денари Збирно 18.000 Денари
Финансии за мотивациони средства за 2022-ра
Значка за 5-то дарување
Количина 1800 Парчиња Цена 70 Денари Збирно 126.000 Денари
Значка за 10-то дарување
Количина 1500 Парчиња Цена 70 Денари Збирно 105.000 Денари
Значка за 25-то дарување
Количина 800 Парчиња Цена 70 Денари Збирно 56.000 Денари
Плакета за 50-то дарување
Количина 150 Парчиња Цена 800 Денари Збирно 120.000 Денари
Плакета за 75-то дарување
Количина 60 Парчиња Цена 800 Денари Збирно 48,000 Денари
Плакета за 100-то дарување
Количина 20 Парчиња Цена 800 Денари Збирно 16.000 Денари
Печатење на јубилејни благодарници
Количина 6000 Парчиња Цена 7 Денари Збирно 42.000 Денари
Да го погледнеме делот: V. МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА за 2020-та, а воглавном е ист во сите програми, барем за последните.
“Мониторинг и евалуација за спроведувањето на оваа програма континуирано во текот на годината ќе врши ЦКРСМ, и за тоа во извештаите ќе го информира Министерството за здравство. ЦКРСМ во соработка со ИТМ формира стручен тим кој заедно со „комисијата за развој и унапредување на крводарителството при ЦКРСМ“(НЕШТО ШТО НЕ ПОСТОИ КАКО ТЕЛО ВО ЗАКОНОТ НА ИТМ) ќе ги следи и проценува зацртаните цели во оваа програма и ќе предлага мерки за надминување на одредени проблеми кои можат да произлезат во процесот на имплементација на утврдените задачи и активности во оваа програма.“
Единственото тело кое е спомнато во “Законот за безбедност во знабдување со крв“ е, ГЛАВА V:
СТРУЧЕН СОВЕТ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО КРВ, а истото не е при ЦКРСМ туку во Министерството за здравство, што може да го видите на следната слика.
Според скромните информации со кои располагаме, истиот никогаш не е формиран, а за тоа ќе побараме одговор(ност) од сите Министри и Директори на ИТМ зошто не работат, односно зошто не го спроведуваат(во целост) законот кој е донесен во 2007-ма?
Болното подпрашање кое се провлекува во оваа тема е што единственото тело во кое треба да има претставник на крводарителите постои само на хартија, па затоа административција уредуваат целата проблематика без воопшто да се земе во предвид мислењето на колективот кој буквално на свои раце го одржува целиот систем, а и здравството како витален сегмент, стабилен и функционален.