ПРОГРАМA 2004/2003

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2004-та, со краток компаративен осврт на 2003-та година

 

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2004-та година, страница 1
ПРОГРАМА за 2003-та година, страница 1

Првата страница, како и секогаш, е шаблонска.

 

 

 

Преминуваме на втората страница.

ПРОГРАМА за 2004-та година, страница 2

 

ПРОГРАМА за 2003 година. 2 страница

И на втората страница не гледаме речиси никакви измени, освен една информација која боде очи поради вчерашната изјава на Директорот на Институтот за трансфузиона медицина , дека годината 2021-ва била со редорден број на евидентирани дарувања на крв, односно 50.960 дарувања.

 

Преминуваме на следната страница.

ПРОГРАМА за 2004-та година, страница 3
ПРОГРАМА за 2003-та година, страница 3

И третата страница страница е шаблонски иста.

На следната страница ќе ги видиме измените во здравствено-воспитните и пропагандни материјали.

 

ПРОГРАМА за 2004-та година, страница 4

ПРОГРАМА за 2003-та година, страница 4

На четвртата страница можеме да забележиме промени во квантитетот и цените на ставките:
– “Плакат за повик“, од 12 на 8 денари;
– “Плакат за 17-ти Март“, зголемување на примероци од 1500 на 2000, како и зголемување на нивната цена од 15 на 20 денари од примерок;
– “Леток“, од 3.5 на 5 денари по примерок; и
– воведување на “Картички за повик“, оние кои од првата идеја не се изменети/ажурирани согласно последните законски измени, 40.000 примерока по цена од 2.5 денари.

 

На следната страница ги има највпечатлиците измени/дополни на програмата во однос на таа за претходната година.

ПРОГРАМА за 2004-та година, страница 5
ПРОГРАМА за 2003-та година, страница 5

Интересниот детал, кој нема измени во однос на програмата за претходната година е зголемувањето на надоместокот на трошоци на РЦКМ за организирање на крводарителни акции од 100 на 110 денари.
И, сето тоа не би било толку впечатливо доколку вчера директорот на ИТМ не даде изјава дека во 2021-ва имаше рекордни 50.960 дарувања.

Се наметнуваат следните прашања:
– Зошто во програмите се планираат финансии за 58.360 дарувања ако реализацијата била околу 50.000? и
– Дали биле исплаќани сите планирани финансии или се правени задршки за нереализираните(нешто што не го видовме во евентуални измени на програмата) единици?
Следно нешто што е значајно во оваа програма, а е на оваа страница е намалувањето на ставката за покривање на партиципацијата на крводарителите од 36 милиони на 24 милиони денари.

 

Да бидеме конкретни:
– во првите години ставката се пресметување: 6.000 крводарители по 6.000 денари;
– во програмата за 2004-та година пресметката е направена за 6.000 крводарители со ставка 4.000 денари.

И стигнавме до последната страница, која е шаблонска, односно се гледа начинот на реализација и функционерот кој го потпишал актот.

 

ПРОГРАМА за 2004-та година, страница 6
ПРОГРАМА за 2003-та година, страница 6

Со оваа страница ја завршуваме презентацијата на развојот на крводарителството и крводарителските бенефиции, заклучно со 2004-та година.

Утре продолжуваме со 2005-та година.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *