Крводарувања во 2022-та

Видовме слика, површно ја прочитавме, малку ја проверивме и востановивме дека има потреба од детална анализа на пласираните податоци за прикажаните крводарувања.

Новогодишна честитка на ФБ страницата на ЈЗУ ИТМ

Што воочивме на прв и летимичен поглед?

Бидејќи ние не сме обични следачи на објавите, ние ги студираме и анализираме, па воочивме, односно се сетивме дека и директорот имаше изјава за ТВ СИТЕЛ во која кажа бројка на реализирани единици, притоа фалејќи се за постигнување на рекордна бројка на евидентирани крводарувања.
Изјава на директорот за ТВ СИТЕЛ 1
Ја најдовме изјавата и ги споредивме бројките: ИМА ОТСТАПУВАЊЕ ОД 34 ДАРУВАЊА.
Се прашавме дали модераторот на нивната ФБ страница ги ставил бројките од сеќавање или директорот поради трема изговорил слична но погрешна бројка за реализирани крводарувања, но во секој случај создаде мало чувство на нелагодност кај нас во однос на точноста на информациите кои се пласираат до нас и/или медиумите.
Изјава на директорот за ТВ СИТЕЛ 2

Што направивме?

Познавајќи го системот и Програмата за организирање и унапредување на крводарителството (за 2020-та), наш прв чекор беше да најдеме кредибилен извор на податоци кој би ја потврдил вистинската бројка на реализирани крводарувања.

Во пребарувачот искуцавме ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА КРВОДАРИТЕЛСТВО и ни го понуди следниот ЛИНК.

ГИП-2022

ДЕЛУВА КАКО ВЕРОДОСТОЕН ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ!

Што најдовме таму?

Таму ги најдовме Извештаите за реализирање на ПРОГРАМАТА, од 2017-та до 2022-ра, бидејќи сеуште не е доставен и објавен извештајот за 2023-та.

Кога почнавме да ги листаме Извештаите, видовме дека има потреба да се објават и образложат сите поединечно.

ИЗВЕШТАЈ 2022-ра

Да почнеме со првата страница од Извештајот за 2022-ра година.

ГИП2022-1

На првата страница ги гледаме ЈУБИЛЕЈНИТЕ ПОДАРОЦИ кои невладината во црвено “ги обезбедува за крводарителите“, се разбира, без да каже дека се обезбедени/платени со буџетски средства.

Тоа што не го гледаме, а е изоставено од извештајот, е ставката која ја посочивме во минатата објава: ПРЕКУ 800.000 денари за изработка на апликација за крводарителите.

Ви текнува за која? НИ НАМ НЕ НИ ТЕКНУВА бидејќи 3 години очекуваме да видиме на што се потрошени сега веќе речиси 1.500.000 денари.

Во програмата за 2022-ра се ПЛАНИРАНИ ФИНАНСИИ ЗА НЕА, ама во извештајот не е спомната за разлика од извештајот за 2021-ва.
Да ги видиме планираните средства.

ПОУК 22-3

Како што може да видите, планирани беа околу 375 илјади денари.
АПЛИКАЦИЈА никој нема видено, а немаме никаква информација дали е воопшто започната, дали се исплатени речиси 1.200.000 денари (согласно програмите за 2021 и 2022-ра) или се испарило во воздуг. ЌЕ ПОБАРАМЕ ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА УПЛАТИ НА КОНТО НА невладината во црвено И ЌЕ ВОСТАНОВИМЕ ДАЛИ ТРЕБАЛО ВЕЌЕ ДА ПРЕЗЕНТИРААТ РЕЗУЛТАТИ(после 3 години изработување на апликацијата).

Да се вратиме на втората страна од извештајот за реализација на Програмата за 2022-ра.

ГИП2022-2

 

Што открива втората страница од Извештајот?

На втората страница од Извештајот, односно ПРЕГЛЕД НА РЕАЛИЗИРАНИ КРВОДАРУВАЊА во 2022-та година е пријавена бројка од 56.830 крводарувања.

Да се потсетиме:
– на фејсбук објавата, новогодишната честитка, трансфузија објавила 53.633 крводарувања
– невладината во црвено, во својот годишен извештај за реализација на Програмата за организирање и унапредување на крводарителството, пријавила 56.830 дарувања на крв, за кои според Програмата ЗА ТАА ГОДИНА би добила по 160 денари за секоја реализирана единица крв, или 56.830х160=9.092.800 денари.

Заклучок

Ние не брзаме со заклучоци. Никогаш, бидејќи секогаш сакаме да ги провериме сите факти пред да излеземе со конкретна информација во јавност.

Направивме напори да добиеме ориентирна бројка на крводарувања кои се направени во Градска општа болница „8-ми Септември“, која не е во рамките на ЈЗУ ИТМ и дојдовме до следната математика:
53.633(ИТМ)+2.235(ГОБ)=55.868 крводарувања во 2022-ра година.

Се воочува разлика од 962 дарувања(56.830 кои се пријавени од кои ги одземавме 53.633 во ИТМ и 2.235 дарувања во ГОБ/Воена), ИЛИ со проста математика се прикажани/фактурирани 962 дарувања повеќе по износ од 160 денари по дарување, или 153.920 денари повеќе од потребното.

Со оглед на фактот дека од 2022-та трансфузија го користи системот е-делфин, во кој се евидентира секое дарување направено во нивните служби и на акциите кои ги спроведува во соработка со невладината во црвено, се наметнува прашањето: ДАЛИ НЕКОЈ ГИ ПРОВЕРУВА БРОЈКИТЕ КОИ СЕ ВМЕТНУВААТ ВО ОФИЦИЈАЛНИ ИЗВЕШТАИ?

Би можеле да се постават и многу други прашања, како на пример:
– кој ги пријавува дарувањата до изработувачот на извештајот?
– кој го сумира и изработува финалниот извештај?
– дали се исплаќаат во целост сите ДЕКЛАРИРАНИ (реализирани) крводарувања?
-кој и каков интерес би имал, дали да покаже ефикасност/способност или можеби некаква друга, со пласирање на дискутабилни податоци?

Ова се прашања на кои ќе инсистираме да добиеме одговор во блиска иднина.

Претседател на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ
Дамир Смајловиќ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *