На 16.11.2023-та, околу 19 часот, на телефон се јави женски глас кој се претстави како новинар од порталот КУРИР.
После десетина минути разговор се договоривме прашањата да бидат пратени на мејл, со цел да можеме да ги обработиме конкретно.
Ивона Петрова го прати следниот текст, кој ние го разглобивме и одговоривме со аргументирана изјава.
Почитувани,
По овогодинешното намалување на опсегот на бенефици за крводарителите, има информации дека се планира ново намалување на бенефициите.
Министерот за здравство, како и директорите на трансфузија пласираат наратив дека опфатот на ПЗУ за покривање на партиципација е воведен заради олеснување на лечењето на крводарителите за време на короната, што не е точно.
Со ова паѓа во вода изговорот зошто е намален опфатот за покривање на партиципација, односно од “ЗУ кои имаат склучено договор со ФЗОМ“ е сменето во “ЈЗУ“(изоставени се ПЗУ како субјекти кои имаат склучено договор со ФЗОМ).
Со какви информации располагате по однос на ова прашање?
Во превод, сите измени од аспект на крводарителство се разгледувани/предложувани/
Свесни сме дека двоецот кој ги крои бенефициите има агенда на намалување на бенефициите, што неволно и со пола уста понекогаш случајно ќе го кажат. (Прилог слики од објава во весник и објава на официјална ФБ страница на трансфузиологија).
Доказ за импровизациите е и една објава од 13.03.2020-та на ФБ страницата на трансфузиологија, односно дека не се свикува СТРУЧЕН СОВЕТ дефиниран во закон, туку поединци состаночат и донесуваат заклучоци како да се цел СОВЕТ.
Дали досега било прифатено вашето барање за средба од министерот за здравство?
Барање за средба… КОЕ?
Почнувајќи од 2018-та имаме доставено повеќе барања за приеми/средби/работни состаноци но речиси сите тие беа игнорирани.
За волја на вистината, бевме примени во просториите на цк и постигнавме начелен договор за хармонизација на односите. Состанокот беше декларативен и освен 2 учества во нивни работилници не добивме ништо.
За жал, ние како организиција не отстапуваме од залагање во интерес на крводарителите и не планираме да се потчиниме за некои ситни лични интереси.
Што очекувате од Програмата за следната година?
Што очекуваме од програмата за 2024-та…
Искрено, не знаеме што да очекуваме ама се надеваме дека чинителите во системот конечно ќе се свестат дека со 30 годишната пракса на намалување на опфатот на бенефициите не делуваат стимулативно за задржување на крводарителите.
Имаме некои површни непотврдени информации, но немаме официјална потврда за истите и не би сакале да ги коментираме.
Какви чекори ќе преземете доколку се потврдат информациите за намалување на бенефициите за крводарители?
На самиот почеток ги споделувавме сите активности и акции, од причина што се во интерес за информираност на крводарителите.
Со последната измена на бенефициите донесовме одлука да прекинеме со споделување на информации за акциите, односно да не ги информираме крводарителите за нив, давајќи му го на системот истиот однос каков тие им го даваат на крводарителите.
Порака
Работиме на будење на свеста кај крводарителите, како и освестување на надлежните дека без крводарители имаат само пуста желба за реализирање на годишниот план.
Будно ја следиме состојбата и редовно проверуваме дали е усвоена некоја измена која би наговестила во кој правец ќе се движат бенефициите, но затвореноста на системот, кој задолжително треба да не вклучи во процесот, не ветува ништо позитивно.
Голем поздрав до сите крводарители и ваши читатели,