Промотивен материјал

Нова среда, нови информации за уреденоста на крводарителството.

 

Минатата среда ја појаснивме логиката за финансирање на флаерите, наменети за крводарителите, денес ќе ја објавиме во целост од 2001-ва до 2022-ра и следната објава ќе биде анализа на дел од информациите од оваа објава.

Да го погледнеме табеларниот преглед.

ГодинаЛистиЦенаИзносАгиткиЦенаИзносЛетокЦенаИзносКартичка за повикЦенаИзносЛеток за мотивација на младиЦенаИзносЛеток општЦенаИзносЛеток за бенефицииЦенаИзнос
200110000220000200005100000
200210000220000200005100000
200310000220000200003,570000
200410000220000200005100000
200510000220000200005100000400002.5100000
2006100002200002000036000040000280000
2007100002200002000036000040000280000
2008100002200002000036000040000280000
2009100002200002000036000040000280000
2010100002200002000036000040000280000
2011100002200002000036000040000280000
2012100002200002000036000040000280000
2013100002200002000036000040000280000
2014100002200002000036000040000280000
2015100002200002000036000040000280000
20161000022000020000360000400001,248000
20171000022000020000360000400001,248000
201810000220000200001,530000400000,624000
201910000220000200002,550000400000,624000
202010000220000200002,550000400000,624000
202110000220000400000,624000100003,535000200003,570000200003,570000
202210000220000200004,590000200003,570000
ЗБИРЕН ИЗНОС31870004400002000001120000109200035000160000140000

Како што можете да воочите, низ годините државата финансирала повеќе работи, меѓу кои:

– евиденциски листи;
– Агитки(подоцна преименувани во картички за повик) или писменцата кои се праќаа на домашна адреса за да се информира дарителот за престојна акција;
– Летоци, кои за претходната година се расчленија на:

    • Леток за мотивација на млади,
    • Општ леток за крводарителите, и
    • Леток за крводарителски бенефиции.

Ние во текот на минатата календарска година не најдовме ниту еден примерок од последно-наведените 3 вида на летоци и се надеваме дека ќе им ја најдеме трагата каде „летнале“.

За 2022-ра година се издвоени средства за:

  • Евиденциски листови,
  • Општи летоци, и
  • Летоци за крводарителски бенефиции.

Се надеваме дека оваа година ќе ги пронајдеме летоците кои беа платени и требаше да се обебедат и делат во минатата година, како и дека успешно ќе се реализираат и планираните набавки на летоци за календарската година 2022-ра.

Следната среда ќе се сконцентрираме на ставките Евиденциски листови и Агитки/Картички за повик:

  • нивниот квантитет,
  • нивната содржина, и
  • нивната оправданост.

Следете нé, ветуваме интересна објава.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *