ПРОГРАМA 2006/2005

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2006-та, со краток компаративен осврт на 2005-та година.

 

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 1
ПРОГРАМА за 2005-та година, страница 1

Како и секогаш: неизбежните неколку воведни страници пред да дојдеме до делот во кој се измените.

Преминуваме на втората страница.

 

ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 2
ПРОГРАМА за 2005-та година, страница 2

Овде ќе нотираме една интересна информација која се наоѓа на првата страница, односно дека:
– …единствена награда на граѓанинот кој дарува крв е чувството дека помогнал или спасил живот на сограѓанин. Истовремено, тоа кај дарителот предизвикува и сигурност дека и нему ќе му биде помогнато во случај на потреба.

Идеме со третата страница.

ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 3
ПРОГРАМА за 2005-та година, страница 5

Од оваа страница ќе го повториме ставот:
– крводарителите треба да бидат здрави граѓани меѓу 18 и 65 години.

Го спомнуваме ова бидејќи во повеќе европски земји и пошироко, а како пример ќе ја земеме Хрватска, крводарителот може да продолжи да дарува крв до 2 пати годишно се до неговата 70-та година доколку неговата здравствена состојба е добра.

Идеме со страница 4.

ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 4
ПРОГРАМА за 2005-та година, страница 4

Тука ќе го забележиме делот дека ИТМ изготвува месечен, периодичен и годишен извештај за реализација на ПРОГРАМАТА.

Ние не успеавме да ги најдеме тие извештаи, барем не лесно достапни и јавно објавени.

Идеме со најинтересната страница во секоја ПРОГРАМА, страницата 5.

ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 5
ПРОГРАМА за 2005-та година, страница 5

Ја забележуваме новата ставка 9 од делот “мотивациски средства“, односно “Печатење на јубилејни благодарници“ со износ од 420.000 денари.

Повторно забележиме дека износот за компензација на секоја реализирана единици на крводарителни акции И ВОН НИВ останува 110 денари. Тука не можеме а да не се потсетиме на изјавата на директорот на ИТМ, во која спомна дека во 2021-ва е постигнат рекорд со реализирани 50.960 единици.

Се надеваме дека ќе обезбедиме одговор на прашањето: ДАЛИ СЕ ИСПЛАЌА ЦЕЛАТА ПЛАНИРАНА СУМА ДУРИ И АКО НЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТИРАНАТА БРОЈКА НА СОБРАНИ ЕДИНИЦИ?

Финансиите за покривање на партиципацијата остануваат на исто ниво, што е добро, бидејќи во следната програма се бележи намалување на истите.

Да ја заокружиме и оваа објава со последната страница.

 

ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 6
ПРОГРАМА за 2005-та година, страница 6

На завршната страница ги гледаме стандардните информации за реализација на програмата, кој вршител на функција ја потпишал и испратил за објава во службен весник.

Programa 6

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *