Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2012-та, со краток компаративен осврт на 2011-та година.
И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.
Да започнеме со првата страница.
Овој пат ја сменивме рутината.
Наместо да ја објавиме оригиналната ПРОГРАМА, па да надополнуваме со измените: ИДЕМЕ СО ПОСЛЕДНАТА ВЕРЗИЈА а изменетите ќе ги прикачиме на крајот на објавата.
Само ќе фрлиме поглед врз шаблонските делови, кои од следната програма ќе испарат.
До овде не забележуваме никакви измени, освен годината во насловот.
Уште една шаблонска страница во која нема измени, освен таа дека последната реченица е на следната страница во претходната програма.
Може да забележите дека во програмите постои само една невладина како партнер за активностите во сегментот на крводарителството.
Ние веќе 3 години се обидуваме да издејствуваме вклучување на крводарителите, преку НВО, во системот, ама за жал системот е глув за нашите барања/дописи.
Ние не очекуваме финансии за спроведување на активности, иако очигледно следуваат.
За 2011-та биле планирани 140 денари од собрана единица крв, а со последната измена 150.
Во оригиналната програма, надоместокот на трошоци за организирање на акции ПО РЕАЛИЗИРАНА ЕДИНИЦА КРВ беше 3.463.000 денари ИЛИ 140 денари по единица крв.
По измената, надоместокот изнесува 1.800.000 денари.
Тоа што можеме да го забележиме е дека низ годините, од 2001-ва до 2012-та, финансиите за покривање на трошоците по реализирана единица крв се движат од 1.8 милиони денари до речиси 9.
Тоа што е поразително во програмата за 2012-та година е што финансиите издвоени за покривање на партиципацијата се спектакуларни 1 милион денари.
Во програмата беа проектирани 3 милиони, а по дополната износот е намален на 1 милион денари.
Програма за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2012 година
Програма за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2012 година1