Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2014-та, со краток компаративен осврт на минатата година.
И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.
Да започнеме со првата страница.
На првата страница повторно измени.
Како што можеме да видиме, делумно е вратен воведниот дел.
Во програмата за 2015-та забележуваме дека се предвидени 100 денари за секоја единица, како поддршка за организација на крводарувањето.
Интересна е замената на тези/играта на зборови, односно, претходно стоеше НА АКЦИИ а сега е за организирање на крводарувањето.
Идеме на следната страница.
Бројките воглавном кореспондираат со Основната програма за 2014-та година, со тоа што во таа година следеше измена со која финансиите за партиципација беа намалени за речиси милион денари.
Идеме на следната страница.
Обврнете внимание на четвртата алинеја НАД “Финансирање на програмата“, односно при крајот во “Заеднички активности“:
– Учество во работа на комисии за крводарителство на разни нивоа.
Крводарителите и крводарителските здруженија се во целост исклучени од моделирање на крводарителството.
Две алинеи под тоа, “Постојано осовременување на промотивни материјали за крводарителство и соработка со размена на искуства од други земји“ не се спроведува, барем не на ниво на кое ние се надеваме.
Агитките за акции не се(барем не беа до лани) ажурирани речиси 10 години, иако законите и поволностите претрпеа големи измени, а ако се мисли само на “размена на искуства(без никаква измена/имплементација)“, во тој случај таа алинеа е спроведувана.
Последната страница е формална откако увидовме дека финансиите се буквално ископирани и налепени во новата.
Да ги видиме корекциите во дополната…
Измената носи дополнителни 10 милиони денари за партиципација, ама дел од тие финансии се користат за покривање на на неизмирени обврски за 2013-та и 2014-та.
Програма за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2014 година