Програма 2021-ва

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2021-та, со краток компаративен осврт на минатата година.

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 1
ПРОГРАМА за 2020-та година, страница 1

На првата страница пвторно воочуваме промена на шаблонот на изработка на истата.

Преминуваме на следната.

 

ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 2
ПРОГРАМА за 2020-та година, страница 2

Од активностите на ЦКРСМ нотираме:
-континуирано здравствено-воспитна и мотивациска работа кај населението; И
-подготовка и печатење на Стратегија за доброволно крводарителство за период од 2021-2026-та година.

Интересната работа е што активноста со Стратегијата, според нашите информации, не е завршена односно барем јавно не е објавена истата.

Воедно, гледаме и зголемување на буџетот за финансирање на програмата, но ќе ги дознаеме деталите на следните страници.

ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 3
ПРОГРАМА за 2020-та година, страница 3

Да ги разгледаме подробно ставките во Табелата бр.1 Здравствено-воспитни, пропагандни и едукативни активности
– воведена ставка “Флаер за мотивација на млади“(10.000*3.5 денари)
-бројот на “Републички семинарии работилници за едукација на мотиватори“ доби уште еден термин(4*100.000 денари)
– подготовка и печатење на Стратегија за доброволно Крводарителство, за период 2021-2026-та година(500*140 денари)
– изработка на информативни табли за бенефиции на крводарителите (1.500*80 денари)
– флаер за бенефиции на крводарители (20.000*3.5 денари)
кампања/организирање на трибини за промоција на бенефиции на крводарители(8*8.000 денари)
– креирање на МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА за крводарителство и нејзино одржување(812.000 денари).

Не знаеме дали некој има било какви информации за последните 4 набројани ставки?

ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 4
ПРОГРАМА за 2020-та година, страница 4

На оваа страница воочуваме зголемување на надоместокот за организирање на акции, односно 160 денари по планирана единица крв(52.000 единици), или 8.320.000 денари.

Во превод значи дека се вкалкулирани финансии и за единиците кои крводарителите самоиницијативно ќе ги даруваат во трансфузиолошките служби.

ПРОГРАМА за 2020-та година, страница 5

Ова во основа не би требало да подложи за надоместок бидејќи тие дарувања не се извршени на акции кои ги организира ЦКРСМ.

Воедно, забележуваме ново зголемување на финансиите одобрени за покривање на партиципациите, во период во кој нема зголемување на бенефициите.

ПРОГРАМА за 2020-та година, страница 6

Повторно се наметнува прашањета: КОЈ ДОБИЛ БЕНЕФИТ ОД ДОПОЛНИТЕЛНО ФИНАНСИРАЊЕ НА НЕИЗМЕНЕТИ БЕНЕФИЦИИ, односно КАДЕ ИСПАРИЈА ФИНАНСИИТЕ?

Programa 20

Programa 20.1

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *