Програма 2022-ра

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2022-ра, со краток компаративен осврт на минатата година.

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2022-ва година, страница 1
ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 1

Првата страница, шаблонска и без никакви измени на ланската.

Идеме на следната страница.

 

ПРОГРАМА за 2022-ва година, страница 2
ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 2

Во Програмата за 2022-ра година, на втората страница, забележуваме една измена.

Измената на оваа страница, изоставување на последната алинеја од активностите на ЦКРСМ, односно:
– Подготовка и печатење на Стратегија за доброволно крводарителство за период 2021-2026 година.

Дали некој ја видел оваа Стратегија?
Ние во текот на целата година ја исчекувавме и не видовме нејзина промоција.

ПРОГРАМА за 2022-ва година, страница 3
ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 3

И во денешната програма ќе се навратиме во Табела бр.1:
– изработка на информативни табли за бенефиции на крводарители(1.500*80 денари), исто како за 2021-ва, ама тие не ги забележавме никаде;
– флаер за бенефиции на крводарители (20.000*3.5 денари), кои исто така никаде не ги забележавме лани;
– кампања/организирање на трибини за промоција на бенефиции на крводарители(8*8.000 денари), лани нереализирани а имаме дополнителни за оваа година;
– ОДРЖУВАЊЕ НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА(12 месеци по 1.770 денари), ланската, фантомската;
– годишна членарина за РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЕПЛ АПЛИКАЦИЈА(7.080 денари), истата, фантомската;
– Верзија 2 на АПЛИКАЦИЈАТА(надоградба и албанска/англиска верзија(која сеуште не е објавена според наши информации), 350.000 денари;
– надоместок за одржување на МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА(12*17.667 денари или 212.000); и
– АКТИВНОСТИ СПРОВЕДЕНИ ОД СТРАНА НА ИТМ, со 300.000 денари финансиски прилив на сметката на ЦКРСМ.

ПРОГРАМА за 2022-ва година, страница 4
ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 4

На оваа страница забележуваме дека износот за надоместок за организирање на крводарителски акции останува 160 денари за планирани 160 денари.

Се е тоа во ред ако не се земе во предвид дека поголемиот дел од реализираните дарувања се извршени во службите на ИТМ и  Тука не можеме а да не се потсетиме на изјавата на директорот на ИТМ, во која спомна дека во 2021-ва е постигнат рекорд со реализирани 50.960 единици. 

Дали во изминатите 22 години, колку што се изготвува и објавува програмата, финансиите се префрлани во целост или имало заддршка финансиите за нереализираните а испланирани единици крв?

ПРОГРАМА за 2022-ва година, страница 5

Со ова го завршивме циклусот на објавување на програмите, а наскоро ќе започнеме со нов циклус на сублимати по ставки.

Се разбира, во текот на следната работна седмица ќе побараме извештаи/информации од сите директно/индиректно вклучени во системот за обезбедување на крв, па ќе ги објавиме нивните појаснувања/објаснувања/толкувања, баш како и овие.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *