Среќен ни роденден!

На 06.12.2018-та година, со решение од Централниот регистар, званично е `родено` Здружението на крводарители и подржувачи на крводарителстово КРВОДАРИТЕЛ Скопје.

Денес е денот за еден мал отчет за сработеното.

Во Декември оставивме барања за соработка до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Институтот за трансфузиона медицина и црвениот крст. За жал, не добивме ниту еден одговор од претходно наведените.

Во Јануари ја дефиниравме пристапницата и почнавме да склучуваме соработки со другите здруженија на крводарители. Би сакал тука да им се заблагодарам на `Асоцијацијата` , ЈСП , и `Дрисла` соработката.

Во Февруари започнавме со првите делења на работи.
На самиот почеток беа претстави во МНТ и котизации за трката Трчаме кон целта.

Следеа голем спектар на работи кои се делеа на нашите профили. Ќе ги спомнеме и ќе им се заблагодариме на Скопски Маратон, Драмски театар, Кенди ДООЕЛ, Националната опера и балет, Книги од повеќе поети, Книги од МАТИЦА МАКЕДОНСКА, CINEPLEXX, Маици, Шолји, Трката Воно-Матка, Крали Марко Трејлс, Чупино Трејл, Ноќен Кавааречки Полумаратон, Струмица Опен Фестивал, Партизански Јуриш на Момата, Брашно од Мелница КАДИНО, Олимпиа Моторс, АМСМ и многу други работи.

Поминавме многу време во разработување на организацијата и Ви најавуваме делење на работи во сите планирани региони.

Ве повикуваме да се зачлените во соодветните фејбук групи согласно Вашето место на живеење, и да имате трпение и разбирање. Овој опфат на работа е премногу голем за група на волонтери кои сето ова го прават од чиста желба да направат нешто за крводарителите.

Ви се заблагодаруваме за досегашната поддршка, и Ве повикуваме да станете полноправни членови на здружението. Заедно сме посилни во остварување на нашите цели!

Електронско пополнување на пристапница

Ова е нашиот нов изглед на сајтот, кој наскоро ќе биде оплеменет со функционалности кои ќе допринесат за функционалноста на здружението.

Новата членска е изработена, и со секоја уплатена годишна членарина од 200 денари ќе добиете и шолја.

уплата на членарина

Во име на колективот кој стои зад нашето скромно лого, Александра, Андријана, Анета, Даниела и Дејан, Ви посакувам многу здравје и уште многу спасени животи.

Претседател на Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје,

Дамир Смајловиќ.

1 thought on “Среќен ни роденден!”

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *