Нова година и нова пракса.
Како што најавивме, Ние ја менуваме реалноста во крводарителството. За разлика од надлежните институции, Ние тоа го правиме за доброто на крводарителите.
Да почнеме со ред.
Новата година ја почнавме со ветување дека ќе ја разјасниме ситуацијата со добитникот на награда за најдобар крводарител за 2019-та во град Скопје. Нешто не ни штима со неговите 218 дарувања на крв и Ние се нафативме да ја испитаме ситуацијата до крај.
Нашето истражување почна од местото од кое е доделена наградата, град Скопје. Еве го нивниот одговор:
Следен чекор е да побараме изводи од евиденциите во ИТМ( како што посочува град Скопје, од нивниот систем e-dolphyn) и од општинските организации на цк: Карпош и Скопје. Подготвени се и ќе им ги доставиме на почетокот на следната работна недела.
Да го проанализираме месец Јануари од наш аспект.
Како и сите Вие, и Ние имавме месец полн со празници, ама и со активности.
Мал број од Вас знаат дека овој месец имавме 3 повика за крв и крвни продукти. На пример, помогнавме да се обезбедат тромбоцити за една пациентка, како и по 2 единици крв за 2 посебни повика.
Тоа што сите Вие го знаете и најбудно го следите се работите кои ги доделуваме, благодарејќи на нашите поддржувачи.
Ова е општиот преглед на добитниците на мали знаци на благодарност во месецот Јануари:
Како што може да видите, преку Нашите профили се усреќени 47 различни крводарители(можете и сами да проверите), од кои 34 се првократни добитници.
Лани им се заблагодаривме на околу 400 различни крводарители со повеќе од 500 различни гестови на благодарност. Продолжуваме со истиот принцип и во иднина!
Тоа што не е прикажано во оваа табела, тоа е дека има и 4 добитници во рамките на регионалните групи. Кога ќе ги сумираме и нив, бројот на усреќени крводарители се искачува на повеќе од 50.
Рака на срце, имаме елан и работи за делење, ама немаме финансии и мрежа за доставување на дел од наградите. Должни сме 2 вреќи брашно, една книга поезија, 5 пакети СУПРАВИТ и 7 шолји. Да, Ние обезбедуваме работи ама не сме моќни и организирани како државната трансфузиологија и хибридниот нивен партнер, па да можеме да ги пратиме најбрзо што можеме. Ако добитникот може да се организира, да дојде или некој да ги подигне во негово име, ќе ги добие веднаш или ќе мора да почека да можеме да се организираме. За тоа ќе потврди еден од добитниците во Кичево, кој после 4 месеци ја доби својата шолја. Ние не ги забораваме тие кои се заслужни за секоја можна почит.
Ние во наредните месеци ќе вложиме напори да ја расчистиме ситуацијата со нереалната бројка на дарувања на добитникот, да обезбедиме нови попусти за членовите на нашето здружение и да обезбедиме нови начини за обезбедување на гестови за заблагодарување за Вашата хуманост.
Здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје.