ПРОГРАМИ 2001, 2002, 2003

Програми за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2001, 2002 и 2003 година

 

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Бидејќи неколку дена имавме технички проблеми со објавување на нашиот сајт, денешната објава ќе биде малку комплексна бидејќи ќе ги објавиме првите страници за сите 3 години, па следната страница за сите три години и така се до последната. На тој начин и Вие ќе можете полесно и попрегледно да да ги споредите и да ги воочите измените.

Да започнеме со првата.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2001 година. страница 1.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2002 година. страница 1.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2003 година. страница 1.

Првите страници се воглавном исти, шаблонски, воведни во тематиката.

Измените доаѓаат во следните и предпоследните страници.

Продолжуваме со втората страница.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2001 година. страница 2.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2002 година. страница 2.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2003 година. страница 2.

И во овој дел не слогледуваме некои поважни разлики.

Дел од измените/дополните започнуваат со третата страница.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2001 година. страница 3.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2002 година. страница 3.
Програма за крводарителство во Република Македонија за2003 година. страница 3.

На оваа страница, во првите две донесени програми имаше грешка, намерна или не – не знаеме, но мораме да ги пофалиме изработувачите дека од “трета среќа“ успеале да ги погодат законски регулираните слободни денови кои следуваат со секое дарување.

Од оваа трета страните ќе посочиме уште една, можеби незначајна, измена во задачите на РЦКМ, односно последната алинеја од 2001-ва е изоставена, а таа гласеше:
-Соработува со службите за трансфузиолошките служби(оригинал, не е наша печатна грешка).

Идеме со четвртата страница.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2001 година. страница 4.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2002 година. страница 4.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2003 година. страница 4.

Ако ја споредиме истата страница од сите 3 години, со разбирливото поместување по редови поради измени и дополни, можеме да заклучиме дека:
– Има измени во набавките/изготвувањето на здравствено воспитни и пропагандни материјали; и
– Соработката на ООЦК, која беше испуштена во 2002-ра, за 2003-та е на некој начин надоградена со цела точка 4.4.

Идеме со петтата страница.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2001 година. страница 5.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2002 година. страница 5.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2003 година. страница 5.

На петтата страница, воглавном техничка за набавки и функционирање, можеме да заклучиме:
– од делот “Мотивациски средства“, ставката за АТЕСТ(2001-ва) е изоставена во наредните 2 години;
– останува дека РЦКМ добива по 100 денари за секоја единица крв, без оглед дали е собрана на акција или е дарувана во трансфузиолошките служби; и
– се зголемува организираноста на трансфузиологија како служба, преку намалување на ставките кои се набавуваат.

Продолжуваме со завршната страница.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2001 година. страница 6.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2002 година. страница 6.
Програма за крводарителство во Република Македонија за 2003 година. страница 6.

И последната страница е шаблонска, барем за овие 3 години.

Тука се гледа начинот за финансирање на програмата, проектираните средства за покривање на партиципацијата и актуелниот Претседател на Владата, како потписник на донесената програма.

Овие 3 ПРОГРАМИ се воведни и слични, а добар илустративен пример да Ви биде јасно што ќе објавуваме/анализираме во нашите идни објави.

Следат интересни објави бидејќи допрва почнуваат интересните “проигрувања“ на ставките и износите.

П.С. во нашата следна објава ќе видите дека средствата издвоени за покривање на партиципацијата се намалуваат за цела третина, и некои други работи.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *