Среќна ЕУ Нова Година!

Како што е редот, да започнеме со честитање на Новата година и Божиќ.

Среќна нова година

Се надеваме дека оваа година ќе биде среќна за крводарителите, од аспект дека чинителите на системот конечно ќе ја увидат нивната важност и влијание, па со тоа можеби и ќе почнат со вреднување на истата соодветно.

Со години се кажува дека се стремиме кон европски вредности и се укажува дека таму нема бенефиции за луѓето кои спасуваат животи со својата крв.

Ќе започнеме со малку историја…

Какви беа бенефициите пред да дојдат современите политичари?

Да се потсетиме на бенефициите со кои почнавме…

Членот кој ги дефинираше крводарителските бенефиции

Да продолжиме со актуелното дефинирање на бенефиции…

https://itm.org.mk/%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%84%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5/

Да сублимираме со кратко набројување, изоставени/поништени/изгубени се поволностите, односно слободувањето од плаќање партиципација за:
– 20% партиципација за лекување во странство
– 20% партиципација за слушни помагала, заботехнички и забопротетички средства
– 50% партиципација за Протези, ортопедски помагала
– 20% партиципација за лекови
–  предност за  преглед, доколку нема итни случаи.

Да видиме како е тоа регулирано во „Страшилото“ викано ‘ЕУ’

Би можеле да ги анализираме сите членки во ЕУ, ама од практичен аспект ќе се осврнеме на земја која е една од последните членки и со која имаме лесно разбирање на текстот без потреба од преведувања, Хрватска.

https://uddk.hr/pitanja-i-odgovori

Чисто да потврдиме дека и тие се повикуваат на истите начела во кои се колнат и нашите функционери.

Да преминеме на главното.

https://uddk.hr/pitanja-i-odgovori

На прв поглед, во Хрватска им следува само еден слободен ден за секое дарување(ставка 1) НО со колективните договори им е доуредено дека се добиваат два, но не повеќе од 10 годишно ниво(ставка 2).

Ставката 4 дефинира дека крводарители со 35/крводарителки со 25 дарувања добиваат годишна картичка за користење на услугите на јавниот превоз во град Загреб. За ова имаме поднесено барање до град Скопје, ама никако нашите дописи да допрат до советниците, да се разгледаат и усвојат на Совет.

И доаѓаме до многу интересна СТАВКА 3, односно дека крводарителите осигуреници на ХЗЗО(ФЗОМ) со 35/25 дарувања, со државни средства им се уплаќаат ‘средства за дополнително здравствено осигурување’.

Што се крие во фамозната СТАВКА 3?

Ја најдовме веб страната и ја потврдивме информацијата дека одредена категорија на крводарители има дополнително здравствено осигурување уплатувано од државата.

https://dzo.hzzo.hr/dopunsko-zdravstveno-osiguranje-na-teret-proracuna-rh

Да видиме што е дефинирано во Дополнителната полиса…

https://dzo.hzzo.hr/dopunsko-zdravstveno-osiguranje-koje-provodi-zavod-0

Како што може да видиме, од основната државна партиципација(примарно дефинирана на 20%) ставките:
– Ортопедски и други помагала, (Алинеа 3) кај нас изоставени, ги сведува на 2% партиципација
– Лекување во странство, (Алинеа 5) кај нас изоставено, е бесплатно
– Денталните помагала, (Алинеа 7 и 8) се со намалена котизација, додека кај нас се исфрлени.

И да видиме уште еден дел.

https://dzo.hzzo.hr/dopunsko-zdravstveno-osiguranje-koje-provodi-zavod-0

Да се потсетиме дека пред 2 години ЈЗУ ИТМ/МЗ дефинираа дека поволноста за ослободување од партиципација важи само во рамките на ЈЗУ, но не и во ПЗУ кои имаат склучено договор со ФЗОМ.

Сублимирање впечатоци

Како што можеме лаички да заклучиме:
„Поволностите“ кои кај нас беа изоставувани, во Хрватска(како членка на ЕУ) се редефинирани согласно ЕУ регулативите и сеуште активни.

Кај нас недостигаат, меѓу другото:
– 20% партиципација за лекување во странство
– 20% партиципација за слушни помагала, заботехнички и забопротетички средства
– 50% партиципација за Протези, ортопедски помагала

Во Хрватска, со дополнителна полиса која ја плаќа државата, ги има:
– Ортопедски и други помагала, ги сведува на симболични 2% партиципација
– Лекување во странство, кај нас изоставено, е бесплатно
– Денталните помагала, се со намалена котизација, додека кај нас се исфрлени.

И една од поважните разлики е тоа што услугите важат и за јавното здравство и во приватното, нешто што не е случај за нашиот систем.

Порака до чинителите на системот

Почитувани, за време на преговорите ЕУ дава Препораки, а државата(земен пример Хрватска) сама ја дефинира проблематиката согласно своите можности и потреби.

Ние, крводарителите, сме подготвени да прифатиме бенефиции какви што има во ЕУ, засновани на тие во Хрватска. Јазик кој можеме/те лесно да го разбереме/те, може лесно да се ископира, преведе и имплементира.

Истава објава, со истите прилози, во наредниве денови ќе им биде доставена на ЈЗУ ИТМ и МЗ во архива.

Во името на екипата зад логото на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ Ви посакувам пријатни празнични денови, многу здравје а со тоа и надеж дека ќе продолжите со нас во нашата хумана мисија – да спасуваме животи,

Дамир Смајловиќ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *