Дали се бенефициите достапни за сите крводарители??

Кои се крводарителските бенефиции?

 

Крводарителски бенефиции, нешто што порано го имавме во изобилие, а денес останаа само фрагменти од нив.

Да се потсетиме на крводарителските бенефиции.

Бенефиции

Вака порано биле дефинирани крводарителските бенефиции, со член, во закон.

 

https://itm.org.mk/бенефиции-за-крводарителите/

Вака денес се дефинираат крводарителските бенефиции, на веб страна и без никаков законски или подзаконски акт.

 

Кој ги дефинира крводарителските бенефиции?

Начелно и логично, крводарителските бенефиции би требале да се предлагаат од страна на Институтот за трансфузиона медицина, разгледани и одобрени од страна на Министерството за здравство, и усвоени од страна на Фондот за здравствено осигурување.

Според наши информации, за жал, крводарителските бенефиции ги предлага еден субјект од невладиниот сектор. Ако нашата информација е точна, тогаш е јасно зошто низ годините бенефициите го задржуваат опаѓачкиот тренд:
– не ги усогласуваат релевантни фактори; и
– за нив е задолжен субјект кој не е баш заинтересиран за добробитот на крводарителите.

 

Дали се бенефициите достапни за сите крводарители кои ги исполниле условите за користење на истите?

Како што сите знаеме, бенефициите се достапни за сите крводарители кои имаат најмалку 10 дарувања на крв/крвни продуктии тоа им е внесено во Фондот за здравствено осигурување.
На хартија ДА, ама само на хартија…

Реалноста е поинаква, односно, доколку крводарител со 11 или 111 дарувања на крв во дадениот момент не е вработен, односно не му тече регуларно здравствено осигурување, не важат крводарителските бенефиции.

На што се должи тоа?

Постои некој правилник/одлука во ФЗОМ според кој бенефициите не се на сила доколку на крводарителот од било кои причини не му се уплаќа здравсгвено осигурување од страна на работодавач.

Според нас тоа е погрешно бидејќи и во временската рамка додека крводарителот е невработен, истиот добива здравствено осигурување(плави картони) од ФЗОМ.

Како да се реши овој проблем?

Бараме преку „Стручен совет за снабдување со крв“, при Министерството за здравство да се одржи работен состанок за овој проблем, при што составот би требало да биде проширен со претставник на ФЗОМ, и на тој состанок да се донесат два заклучоци:
– Крводарителските бенефиции да останат на сила и доколку крводарителот е невработен, а регуларно пријавен во Заводот за вработување и преку него го добива своето здравствено осигурување; и
– Крводарителските бенефиции да останат на сила „до 3 месеци од датата на последната уплата на здравствено осигурување“.

Првиот заклучок е јасен, односно се додека е крводарителот здравствено покриен на било кој начин – ќе му бидат достапни бенефициите.

Вториот заклучок треба да се појасни.
Во него се дефинира временската рамка/ситуација во која може да се затекне крводарителот, односно од непознати причини му доцни исплатата на платата а со тоа и уплатата на придонесите и здравственото осигурување.

Во врска со вториот заклучок, оптимално би било периодот да биде 12 месеци(да се покријат евентуални загубари и фирми кои се во стечајна постапка) но го оставаме периодот за уредување на состанокот од страна на релевантните фактори кои фигурираат како членови во „Стручен совет за снабдување со крв“.

Во име на крводарителите кои се нашле во ваква ситуација,

Претседалел на Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ

Дамир Смајловиќ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *