Борба за секој крводарител

Денес, како и секоја наша акција, крводарителите ја искажуваа својата хуманост по кој знае кој пат.

Имавме првократни дарители, ама и крводарители кои се на неколку чекори до јубилејното трицифрено дарување.

Но, овој блог не го пишуваме поради даруваната крв, туку за таа која допрва ќе се дарува.

Денес со неколку кратки движења на пенкалата се зацртани големи чекори за времето кое допрва доаѓа.

Денес Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството “КРВОДАРИТЕЛ“-Скопје, заедно со Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања ,,РАСТ”, со симболично дарување на крв од страна на Претседателите на двете Здруженија, ја официјализираше договорената “ПОВЕЛБА за соработка“.

Двете здруженија навидум немаат допирни точки и основа за соработка, но, кога ќе размислиме подобро нашето здружение е должно да му ја даде сета можна поддршка на здружението “РАСТ“.

Зошто?

Затоа што, поради сплет на околности, одреден број деца имаат проблеми со излачување на потребните хормони а тоа влијае на нивниот развој и раст.

Повторно се наметнува прашањето: “А каква врска има тоа со здружение на крводарители?“

Одговорот е токму во последниот збор на прашањето: КРВОДАРИТЕЛИ.

https://itm.org.mk/индикации-контраиндикации/

Децата кај кои е востановен дефицит на хормоните кои влијаат на растот и развојот имаат потреба да примаат суплементарни количини од истите.

Да бидеме по пластични: доколку некое дете во периодот за развој нема соодветни количини од важните хормони, постои веројатност да не го развие својот физички потенцијал и со тоа да не го исполнува основниот предуслов за дарување на крв – килажата.

Му се заблагодаруваме на господинот Александар Петровски, Претседателот на здружението “РАСТ“, што нѐ сослуша и прифати соработуваме и да им ја дадеме сета можна поддршка.

Со здружени сили ќе извојуваме двојна победа:
– што поголем број на деца да ја добијат неопходната терапија; и
– преку соработката ќе им ја објасниме важноста за дарувањето крв, со што и тие ќе станат дел од најхуманото неформално семејство, а воедно и дел на колективот на ЗКПК КРВОДАРИТЕЛ.

Зошто?

Затоа што секој живот е важен!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *