Советувалиште за крводарители

Основно правило во обезбедување на сигурна крв и добивање на доброволни дарители е доверливото информирање и прифаќање во пред-донорскиот период коешто повлекува и советување после секое дарување на крв и крвни компоненти во пост-донорскиот период.

Во рамките на Институтот за Трансфузиона медицина на РМ – Скопје работиСоветувалиште за дарители на крв, каде секој дарител е прифатен од одговорен лекар специјалист и психолог.

Во пред-донорското советување на доброволните крводарители се прави:
1 .регрутирање на редовни дарители,

2. дарители на повик

3. регрутирање и мотивирање на дарители за посебен вид дарување на крвни компоненти (тромбоцити). На сите овие дарители кои се опфатени во Советувалиштето се дава можност да се одлучат кон која категорија на дарители ќе се приклучи сосамоодлучување за доброволно дарување на крв и крвни компоненти. Секое пред-донорско советување овозможува добивање на добро информиран дарител кој доколку има причина, навремено ќе се самоисклучи од дарување.

Стручните лица во Советувалиштето се во постојан контакт со дарителот за на крајот да започне и периодот на нивно пост-донорско советување со кое се постигнува нивно исклучување од понатамошно дарување. Му помагаме на дарителот кој е реактивен на некој од крвнопреносливите вируси, да донесе одлука за навремено лекување и спречување на последиците и упатување кон соодветните клиники.

Пост-тест советувањето не е доволно само заради згрижување на потврдени позитивни крводарители туку има важна улога во промовирање на здрави животни навики и промовирање на редовно крводарување за оние кои не покажале реактивност на крвнопреносливи инфекции после дарувањето на крв.
Советувалиштето прифаќа крводарители и членовите на нивните семејства кои се опфатени со:

Советување на крводарителот со реактивно последно крводарување за негово натамошно однесување во процесот на крводарување.
Семејно советување, крводарителите со реактивно последно дарување најчесто доаѓаат со член од семејството (родител или брачен партнер) и тогаш се прави семејно советување.

Доверливото дарителско информирање и советување во пред-донорскиот и пост-донорскиот период го прави професионален кадар обучен за Доверливо Доброволно Советување и Тестирање (ДДСТ).

Советувалиште за дарители на крв

Психолог Кети Едровска Исајловска

Контакт:
тел: +389 2 3226 923 л.124
моб: +389 78 488 078

Извор: ИТМ

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *