Од срце за срце.
Нема подобар начин да се започне денешната објава.
Денес, на 17.04.2021-ва, во 3 часот и 33 минути по полноќ своето прво отчукување го направи срцето на прерано починатата Верица Белчовска, во телото на Илија Стрезовски.
Голема благодарност до семејството на Верица, кое одобри нејзините органи да се “пресадат“ и да спасат многу други животи!
Денес исто така е “Светски ден за подигање на свеста за хемофилијата“.
Денес требаше нашето здружение, на симболична крводарителска акција, да потпише соработка со здружението на хемофиличари. За жал, работите не се одвиваат како што планираме и се надеваме. Акцијата беше одложена поради актуелниот КОВИД бран, ама ние сепак ја официјализираме соработка, потпишувајќи “ПОВЕЛБА ЗА СОРАБОТКА“ како две здруженија кои се сродни и поврзани на некој начин.
Ние, крводарителите, секогаш сме ги поддржувале хемофиличарите во моментите кога тоа било потребно. Така било, така е, и така ќе биде бидејќи крводарителите секогаш биле потпора на хемофиличарите, хематолошките и онколошките пациенти, како и за сите кои имале потреба од крв за хируршка интервенција како денешната трансплантација на срце.
Крводарителите се секогаш тука бидејќи секој живот е важен!