Како работи ЈУ ИТМ?

Како што е ред, на крводарителите и на тие кои имаат потреба од услугите на ЈУ ИТМ и нејзините служби, го појаснуваме функционирањето на системот.

Го отворивме сајтот на ЈУ ИТМ и ги најдовме следните информации:

Листа на служби на ЈУ ИТМ

Во око ни западнаа првите две наведени служби.

Дали е точна оваа информација? Дали овие служби воопшто функционираат? Според наши информации НЕ.
Прашањето е: Од кога не функционираат и зошто не е ажуриран сајтот од тогаш?

Идеме на следното спорно прашање, односно работните времиња на поедините служби.

Првиот дел од објавата на нивниот сајт

Вчера се јавивме на бројот на дежурниот доктор во ЈУ ИТМ за да прашаме дали има измена во работните времиња, односно дали сеуште се примаат дарители на крв само до 17:30. Одговорот беше дека сеуште не е сменето работното време.

Вториот дел од самата објава на сајтот на ЈУ ИТМ

Како што гледате, јасно се дефинирани и дополнително скратени работните времиња согласно (во тој момент) условите кои беа дополнително уредувани со мерките за справување со вирусот.

Оваа одлука е проблематична ако се земат во предвид објавите на нивната ФБ страница и информациите кои се застапени на неа.

Неделниот план на акции за тековната недела

Што е тука спорно?
Одеднаш се појавува информацијата дека службите во Битола, Тетово и Штип работат со крводарители и во Сабота.
п.с. Ако е информацијата од флаерот кој го споделуваат на својата официјална страница и на својата единствена активна ФБ страница, ЗОШТО ОВАА САБОТА СЛУЖБАТА ВО БИТОЛА НЕ ПРИМАШЕ КРВОДАРИТЕЛИ?
Имаме информација од крводарител дека службата не била отворена, како и дека не можел да стапи во контакт со никој од неа.

Додека сме кај спорните информации кои се објавуваат на самата страница, а во контекст на крводарителските акции, еве го изводот на акциите од претходната работна недела.

Неделен план на акции за периодот од 17.05 до 24.05.2020-та

Да појасниме за начинот на дефинирање на акциите: Секој четврток се дефинира конечниот список на акции за следната работна недела.

Ненајавена акција во Крушево

Кој ја вметнал акцијата во Крушево, која не е во неделниот распоред кој е јавно истакнат на официјалните профили и страни? Прашање за кое искрено не очекуваме одговор бидејќи, за жал, немаме добиено одговор ни за многу поважни прашања.

Да се навратиме на работното време, односно дека истото ќе биде до 18 часот.

На 4-ти Мај добивме повик, на нашата официјална ФБ страница, за потреба на крвна група 0- за оперативен зафат.

Извадок од комуникацијата.

Ние повикавме дарител да се обезбеди крв за повикот, што може да го видите на следната слика.

Извадок од ВИБЕР комуникацијата со крводарителот.

Крводарителот стигна во ЈУ ИТМ во 17:25 и беше вратен бидејќи било завршено работното време со крводарители.
Мораме да напомнеме дека крводарителот беше најавен кај дежурниот доктор во 15 часот, и бидејќи добивме потврда дека ќе биде примен, не го откажавме повикот.
Ние во 17:27 минути повторно се јавивме кај дежурниот октор да побараме објаснување зошто не беше примен крводарителот. Одговор, барем не логичен, не добивме.

Слика од времето кога се јавивме кај дежурниот доктор.

Се наметнува прашањето: Кој сегмент од јавниот сервис функционира како треба? Работното време не се почитува, акции се откажуваат и вметнуваат, се објавуваат несооdветни содржини и нема соодветна комуникација на официјалните страници, не се почитуваат законски одредби и не се врши контрола на начинот на кој партнерот-невладина ги користи буџетските средства одобрени од ЈУ ИТМ(дел може да се најде на следниот ЛИНК ) и ред други работи.

Ќе привршиме со уште една пропагандистичка објава, за која ќе можете да пресудите и Вие, освен ако имате тешки нарушувања на видот.

Пред десетина дена беше вирална објавата за млада девојка која дарувала плазма, како рековалент од КОВИД-19, за да помогне на друг болен. СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА НЕА!

Објава на сите профили, а и на сите портали и социјални мрежи

Пак ќе кажеме: Секоја чест на девојката за дарувањето и на заслужените хвалоспеви на сите можни медиуми.
Проблемот е друг:

Претходната објава за извршено дарување на рековалентна плазма

Огромна почит за рековалентот кој навистина дарувал плазма на апарат, за разлика од девојката која дарувала полна крв од која, со обработка, дел ќе се издвои како плазма и ќе се ординира на заболен од КОВИД-19 и ќе му помогне – АМА ДАРУВАЛА КРВ, а протоколот е за ДАРУВАЊЕ НА ПЛАЗМА!
Да ве потсетиме на дел од вашиот протокол за обезбедување на плазма од рековалент:

ЛИНК до протоколот, кој е објавен на официјалната страница на ЈУ ИТМ

Почитувани, времето на импровизации заврши!

Крводарителите се тука: организирани, информирани и кај нив повеќе не поминуваат сите празни флоскули со кои порано беа оправдувани одлуки кои беа на нивна штета, беа тапкани раменици и се залажуваа со: `МОМЕНТАЛНО Е, ЌЕ ЈА НАРЕДИМЕ РАБОТАТА КОН ПОДОБРО, МНОГУ НАСКОРО.`

Ние сме тука, цврсто стоиме во одбрана на нашите интереси, кои воедно се во најголем интерес и на системот и на болните на кои им треба Нашата крв.

Го следиме секој нелогичен пропуст, и за истиот ќе бараме соодветно понесување на одговорност.

И да, по кој знае кој пат упатувам јавен повик за формализирање на начинот на соработка, со цел да заедно ги корегираме сите воочени пропусти и да изградиме систем каков заслужуваат дарителите на крв и тие на кои таа крв им е потребна.

Претседател на Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје

Дамир Смајловиќ.

1 thought on “Како работи ЈУ ИТМ?”

  1. Pingback: Јавен повик до крводарителите и институциите » opserver.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *