Новогодишна

Поминаа 5 дена од последната објава, 5 месеци од последната конкретна информација и влеговме во петтата година како официјално регистрирано здружение на крводарители, Здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ, со седиште во Скопје.

Пред 2018-та

Сакавме да се организираме и да направиме нешто за крводарителите.

Од 2018-та до 2022-ра

Мала група на луѓе се бореше од петни жили, од инат на системот кој со децении го девастира статутот на крводарителите.

Беше тешко, беше напорно, но не се откажавме и планираме да истраеме во нашите напори!

Во овој момент би сакал да им се заблагодарам на поголемиот дел од првичното претседателство за нивната поддршка и помош во достигнувањето и постигнувањето на тоа што сме во моментов.

Новогодишна најава.

Во новата 2023-та, па се до 2026-та, влегуваме реформирани, ’подмладени’, екипирани на регионално ниво и работиме на екипирање на локално ниво.

Најавуваме:
– мноштво корисни и помалку познати информации;
– активности со цел унапредување на бенефициите на крводарителите;
– умножување на постоечките поволности на членовите на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ;
– многу нови, дури и на локално ниво, поволности.

Од поволностите, можеме да најавиме делење по еден пар билети во ’Градско кино МИЛЕНИУМ’-Скопје на неделно ниво на нашите официјални страници.

Станете дел од најхуманото здружение, здружението на луѓето со најголемите срца.

 

Во име на претседателството во заминување и претседателството кое допрва ќе го оплеменува и осовременува крводарителството,

Претседател на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ, Скопје

Дамир Смајловиќ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *