Апликација за крводарителство

„Мобилна апликација за крводарителство“, од каде ни звучи ова познато?

ПРОГРАМА за 2021-ва, страница 3

Ако ги следевте нашите претходни објави, кога ги објавувавме „Програмите за организирање и унапредување на крводарителството“ од 2001-ва до 2022-ра година, во таа за 2021-ва стоеше „Мобилна апликација за крводарителство“.

Не знаеме за Вас, ама ние никаде не наидовме на информација за постоење на таква апликација.

 

 

ПРОГРАМА за 2022-ва, страница 3

Веќе наредната година, со следната „Програма“, се издвоени дополнителни средства за унапредување на функционалностите на апликацијата која според наши информации не е направена.

Во ред, нема да кажеме дека не е направена, ама со сигурност можеме да кажеме дека не е промовирана и ставена во функција на крајните корисници: КРВОДАРИТЕЛИТЕ.

ЗА КАКВА АПЛИКАЦИЈА СТАНУВА ЗБОР?

Искрено, не знаеме никакви детали во врска со апликацијата освен тоа што можеме да го најдеме во „Програмите“ за 2021-ва и 2022-ра година.

Финансии добиени во 2021-ва
Финансии добиени за 2022-ра

Како што можете да видите апликацијата, која сеуште не е споделена со крводарителите, чини околу 1.4 милиони денари државни пари кои се наменети за унапредување на крводарителството.

Што бараме, односно очекуваме

Јас, Дамир, како ревносен крводарител кој е заинтересиран за добробитот на статусот на крводарителите и актуелен Претседател на Здружението на крводарители и подджувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ со седиште во Скопје, јавно барам одговори од:
ЦКРСМ, јавно да каже дали е направена апликацијата и, ако е, од кои причини не е објавена во текот на 2021-ва бидејќи е платена во таа година и планирана да се изработи во истата?
ЈЗУ ИТМ, јавно да образложи од кои причини не е реализирана оваа ставка од „Програмата“ за 2021-ва, односно зошто му е дозволено на нивниот соработник да не реализира ваква важна активност без да се известат крводарителите за доцнењето? и
Министерството за здравство, јавно да го објави образложението на ЦКРСМ од кои причини не е реализирана ставката, која е платена со државни пари, како и да каже какви мерки превземало за настанот. Се разбира, под мерка не го сметаме одобрувањето на дополнителни финансии за усовршување на нешто што не е направено.

Што можеме да превземеме ние?

Веќе подолго време укажувам на анемичноста на надлежните субјекти и се што можам, жално, да констатирам е:
СЕ Е ОСТАНАТО ВО РАЦЕТЕ НА КРВОДАРИТЕЛИТЕ.

Еве, давам предизвик.

ЦКРСМ со поддршка на ЈЗУ ИТМ „против“ еден крводарител.

Тим на стручни лица наспроти човек со скромно техничко познавање од процесот на градење на апликација

1.4 милиони денари државни пари наспроти бесплатна самоука работа која се работи од пркос и од срце.

Овој месец навршуваат 16 месеци од почетокот на подготовка на апликацијата која ја платила Државата, а од денес и во следните 16 дена јас ќе ја развивам својата прва мобилна апликација, апликацијата на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ.

Да видиме кој е поспособен и кој ќе победи.

п.с. Предизвикот е предизвик, ама тоа не значи дека крводарителите не ги бараат и заслужуваат одговорите на претходно наведените прашања од сите инволвирани во оваа ситуација.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *