Честит ден на Независноста

Бидејќи нашата политика е: ПОМОГНИ, ние нема многу да должиме со празни говори. Тоа може да се очекува од политичарите кои сакаат да купат поени.

Ние ќе бидеме кратки и јасни.

Сите независности се стекнуваат со пролевање на крв.

Ние редовно даруваме крв за да нашите блиски или непознати стекнат независност од болеста која ги окупирала нивните тела.

Оригиналниот пост е од 08.09.2018-та

Кога веќе ги спомнавме политичарите и нивните говори преполни со празни ветувања, Ве замолуваме Вашата политичка, ама и верска и етничка припадност да ја чувате само за себе. Или барем да ја чувате на страна од нашите профили.

Ние признаваме поделба според крвни групи и РХ фактори. Се друго не е од Нашата сфера на интерес.

Во последниве 6 години, групата секогаш била чиста од верски, етнички и политички постови. Така и планираме да остане.

Секој кој ќе постира било што, кое би можело да се протолкува како навреда или агитирање, ќе биде отстранет заедно со постот.

Оваа група е хумана, а другите нека бидат какви сакаат.

Уште еднаш: НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *