Воскреснување на трудот на крводарителите

Еден голем викенд е во тек.

Поголемиот дел го чествуваат “Први Мај, ден на трудот“, а православните верници го чествуваат “Велигден“. Ние ги славиме сите празници, бидејќи хуманоста не почитува работно време и не разликува празник делник и и викенд. Особено овој викенд се испостави дека е така.

Крводарителството и крводарителот како поим и статус еродираат веќе 30 години. Крводарителите кои веќе ја привршуваат својата крводарителска кариера можат најдобро да посведочат за тоа.
На кратко ќе кажеме само дека во изминатите 30 години крводарителот постепено ги губи своите бенефиции, со фактот дека порано во закон беа дефинирани неговите бенефиции, а денес (според информациите со кои располагаме како здружение) не постои ниту подзаконски акт кој ги дефинира бенефициите.
Да Ви го преведеме она претходното: БЕНЕФИЦИИТЕ НЕ СЕ ДЕФИНИРАНИ И ПРАШАЊЕ Е ВО КАКВА ФОРМА И ОПФАТ ЌЕ БИДАТ КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРА ПОДЗАКОНСКИОТ АКТ КОЈ ЌЕ ГИ УРЕДУВА. И да, најважниот детал од ова е: А ШТО АКО ВООПШТО НЕ СЕ ДЕФИНИРААТ?

Дали сте свесни во каква јама е статусот на крводарителот? Во моментов може да се преполоват малкуте бенефиции кои останаа да важат на хартија, и така дефинирани да продолжат да се практикуваат.
Повеќе за ова може да прочитате на https://krvodaritel.org/74-2/.

За време на овој голем викенд, викенд во кој се поклопија чествувањата на најголемиот православен празник и најголемиот работнички празник, ќе го артикулираме гласот за трудот/заслугите на крводарителите, а воедно ќе најавиме тврда борба за зачувување на постојниот формат на бенефициите и ќе се бориме да се зголеми нивниот опфат.

Време е повторно да воскресне поимот “КРВОДАРИТЕЛ“ затоа што крводарителите тоа го заслужуваат!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *