Флаери

ФЛАЕРИ, колоритни летоци со корисни информации.
Барем во поголемиот дел од случаите се корисни.

 

Денес ќе го разгледаме феноменот наречен ФЛАЕРИ во крводарителството.

Постојат 2 типа на флаери:
Агитки, или флаери кои се праќаат како информација за одржување на крводарителски акции; и
Флаери, или летоци кои се делат, а на себе содржат информации за дарувањето крв, рзличните видови на дарувања, па дури и крводарителските бенефиции.

Да видиме еден флаер.

Крводарителски бенефиции 1
Крводарителски бенефиции 2
Крводарителски бенефиции3

Ова е еден флаер кој на времето бил отпечатен и делен во службите и на акциите.

Да видиме уште еден сличен флаер.

Флаер на албански/1
Флаер на албански/2

Како што можевте да видите, печатени се на најмалку 2 јазика.

Од финансирачки аспект, флаерите се делат на:
државно финансирани, со буџетски средства; и
донирани, односно кобрендирани флаери.

Да видиме и некој примерок од овие флаери.

Спонзориран флаер 1/1
Спонзориран флаер 1/2

И уште еден.

Спонзориран флаер 2/1
Спонзориран флаер 2/1

Нели се сложувате дека се многу убави и полни со корисни информации?

И ние не можеме да не се сложиме дека се одлични.

(ОД) КАДЕ СЕ ФЛАЕРИТЕ?

 

Како што спомнавме погоре, постојат флаери кои се платени од државата и флаери чија изработка е делумно/целосно покриена од приватен субјект.

Денес нема да се занимаваме со соработките на невладината која е доминантна во крводарителството, туку ќе го видиме изворот на финансирањето на работите кои таа ги обезбедува за крводарителите.

ПРОГРАМА за 2021-ва година, страница 3 

На горната слика ја гледаме третата од четирите страници од „Програмата за организирање и унапредување на крводарителството“ за 2021-ва година.

Тока можеме да видиме дека, меѓу мноштвото ставки кои ги финансира државата, можеме да ги видиме Плакатите и Евидентните листови кои се користат на акциите.

Пред да продолжиме, да си поставиме едно прашање:
Ако годишно се одржуваат околу 1.000 крводарителни акции(најверојатно претеруваме, ама нека се 1000), зошто се изработуваат 10.000 евидентни листови годишно? Дали за секоја акција се изработуваат по 10, или се изработува по еден лист за секоја единица крв на акцијата?

Да се навратиме на денешната тема, односно флаерите.

Државата издвоила одреден износ на финансии и го задолжила цкрсм да изработи:
– Флаер за мотивација на млади, 10 илјади примероци со цена од 3.5 денари за примерок;
– Општ флаер за крводарителство, 20 илјади примероци со цена од 3.5 денари за примерок;
– АГИТКИ/флаер за информирање/повикување на крводарителна акција, 20 илјади по цена од 1 денар за примерок; и
– Флаер за бенефиции на крводарители, 20 илјади по цена од 3.5 денари за примерок.

Со мала груба математика можеме да видиме дека биле дадени речиси 200 илјади денари за изработка на овие „медиуми“ за информирање на крводарителите.

КАДЕ Е СПОРНОТО?

Ние, како здружение, во текот на изминатата година не забележавме голем дел од ставките кои биле платени и требале да бидат обезбедени И РАЗДЕЛЕНИ на крводарителите.

Дали некој од Вас добил некој нов флаер за мотивација на млади(крводарители)?
Дали некој од Вас добил „Општ флаер за крводарителство“?
Дали некој од Вас добил „Флаер за бенефиции на крводарители“?

За агитките нема да дискутираме, иако и тие се прилично дискутабилни од аспект дека последните кои ги имаме видено се со информации кои се најмалку една декада стари.
Нема да кажеме дека се работи за дотрошување на залихи од изминатите години, иако е реална веројатност, ама со сигурно можеме да тврдиме дека ажурноста на изработувачот на истите е на незавидно ниво бидејќи на нив стојат(збориме за тие кои ни ги имаат пријавено крводарителите) информации за бенефиции кои одамна не постојат.
НАПОМЕНА: однапред се извинуваме ако во последниве 2-3 месеца дошло до измена на агитките, за што се сомневаме ама оставаме можност.
кога сме кај агитките, да ги видиме и нив.

АГИТКА за крводарителна акција

Да не се разбереме лошо, имаме слики и од понови примероци на Агитката, ама оваа ни е искористена во некои претходни објави.

Да го повториме прашањето: КАДЕ СЕ ФЛАЕРИТЕ?

Во претходните објави покажавме дека „Програмата за органиирање и унапредување на крводарителството“ ја изработува ЈЗУ ИТМ, ја усвојува министерството за здравство, а ја спроведуваат ЈЗУ ИТМ и нивниот партнер.

Како контролен механизам се воведени извештаи за реализација на програмата кои на одреден временски период се доставуваат во МЗ.

Јас, како Дамир Смајловиќ, крводарител со поеќе од 100 дарувања и актуелен претседател на З.К.П.К. КРВОДАРИТЕЛ со седиште во Скопје, прашувам:
– дали се реализирани овие ставки, односно дали се изработени наведените информативни флаери кои требаше да им се поделат на крводарителите? и
– ако не се, зошто не е изработена дополна/измена на „Програмата“ со цел да се укине исплатата на ставките кои не се реализирани?

Се надевам дека спомнатите субјекти ќе ги удостојат крводарителите со одговори на прашањата кои ги засегаат, бидејќи тоа се теми/прашања кои го дефинираат крводарителството преку „Програмата за организирање и унапредување на крводарителството“.

До следната среда крводарителски поздрав до сите крводарители и субјекти во системот за обезбедување на безбедна крв.

Дамир. Смајловиќ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *