VFV клиника

БЕНЕФИЦИИ ЗА КРВОДАРИТЕЛИ ВО СОРАБОТКА СО VFV Clinic!!

 

Сакаме да изразиме голема благодарност до VFV Clinic, што ја препознаа важноста на крводарителите и нашите членови кои секојдневно спасуваат животи.

Имено, од денес сите наши членови ќе имаат можност да ги уживаат следните привилегии:
1. 20% попуст за секој преглед, интервенција во VFV Clinic (примарна и секундарна медицина)
2. 10% попуст за дијагностика со најсовремена технологија Siemens (Магнет, компјутерска томографија, магнет со контраст)
И покрај достапните цени за наши услови, на сите нивни услуги нашите членови ќе ги добијат горенаведените попусти и во случаеви кога цените би биле на промоција.
Со ова крводарителите добиваат можност за врвна заштита на нивното здравје превенција и грижа каква што заслужуваат.
За да закажете преглед во VFV Clinic ве молиме контактирајте ги на бројот 070 299 010, и на лице место приложувате членска картичка за да го добиете попустот.
Во прилог е актуелниот ценовник во VFV клиника,  на кој се имплементираат договорените попусти.

Leave a Comment

Your email address will not be published.