Програма за 2023-та

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството за 2023-та, со краток компаративен осврт на минатата година.

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 23 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2023-та година, страница 1

Првата страница, шаблонска и без никакви измени на ланската.

Идеме на следната страница.

ПРОГРАМА за 2023-та година, страница 2

Во Програмата за 2023-та година, на втората страница,

ПРОГРАМА за 2022-ва година, страница 2

забележуваме една измена.

Измената која се забележува се вкупните средства за програмата, односно за 2022-ра беа 45 милиони денари а за 2023-та се 30 милиони.

Идеме на следната страница.

 

ПРОГРАМА за 2023-та година, страница 3

И во денешната програма ќе се навратиме во Табела бр.1:            

ПРОГРАМА за 2022-ва година, страница 3- недостасува ставката “изработка на информативни табли за бенефиции на крводарители(1.500*80 денари)“, која постоеше и во програмата за 2021-ва ама ги немаме забележано никаде ниту тие од 2021-ва ниту тие од 2022-ра;
– изоставена е и ставката “флаер за бенефиции на крводарители (20.000*3.5 денари)“, која беше планирана и за 2021-ва но кои исто така никаде не ги забележавме изминативе 2 години;
– и “кампања/организирање на трибини за промоција на бенефиции на крводарители(8*8.000 денари)“ е изоставена иако е нереализирана за 2021-ва, вметната и повторно нереализирани во 2022-ра;
– за 2023-та се планирани финансии само за одржување на мобилната апликација(12х2000 денари), таа која никој ја нема видено, додека во програмата за 2022-ра беа повеќе ставки:
– ОДРЖУВАЊЕ НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА(12 месеци по 1.770        денари), ланската, фантомската;
– годишна членарина за РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЕПЛ АПЛИКАЦИЈА/верзија(7.080 денари), истата, фантомската;
– Верзија 2 на АПЛИКАЦИЈАТА(надоградба и албанска/англиска верзија(која сеуште не е објавена според наши информации), 350.000 денари;
– надоместок за одржување на МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА(12*17.667 денари или 212.000);

додека во 2021-ва беа издвоени
– 812.000 денари за креирање на МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА за крводарителство и нејзино одржување.
Следна измена е бројот на дарувања, кој после 2 години намалување на 52.000 повторно е вратен на 55.000, со надоместок од 160 денари за реализирана единица.

Се е тоа во ред ако не се земе во предвид дека поголемиот дел од реализираните дарувања се извршени во службите на ИТМ и  Тука не можеме а да не се потсетиме на изјавата на директорот на ИТМ, во која спомна дека во 2021-ва е постигнат рекорд со реализирани 50.960 единици. 

Дали во изминатите 22 години, колку што се изготвува и објавува програмата, финансиите се префрлани во целост или имало заддршка финансиите за нереализираните а испланирани единици крв?

Идеме на последната страница.

ПРОГРАМА за 2023-та година, страница 4

На последната страница ја забележуваме партиципацијата.

ПРОГРАМА за 2022-ва година, страница 4

Тука се забележува значително намалување на финансиите издвоени за финансирање на партиципацијата, што можеби и не е толку лошо, бидејќи од овие финансии се покриваат и долговите по основ партиципација.(според “Програмите“).

Со тоа ја завршуваме анализата и компарацијата на ‘Програмата’ за 2023-та и ланската.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *