На неполни недела дена по објавување на ‘Програмата’, рака на срце прилично површно и тематски насочено, откривме нешто многу невообичаено и загрижувачко!
Вовед во темата.
Еден од елементите на ‘Програмата за организирање и унапредување на крводарителството’ е делот на планирање на средства кои ќе се користат за покривање на партиципацијата за крводарителите со повеќе од 10 дарувања, но и како/кон кого ќе се спроведува тоа.
Да се потсетиме на претходните 22 Програми.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Не го ставаме акцентот на износот, кој во поедини години бил зголемуван или намалуван, овој пат се фокусираме на една многу важна измена во последната програма.
Да почнеме од ‘Програмите’ од 2001-ва, па навака.
Како што може да видиме, во 2001-ва година за покривање на партиципацијата биле издвоени 36 милиони денари.
Тие биле ЗА користени здравствени услуги.
Идеме на следната година.
И во 2002-ра година за покривање на партиципацијата биле издвоени 36 милиони денари.
Исто така биле ЗА користени здравствени услуги.
Продолжуваме со времепловот.
И за 2003-та година за покривање на партиципацијата биле издвоени 36 милиони денари.
Истите биле ЗА користени здравствени услуги.
Продолжуваме со понатаму.
За 2004-та година за покривање на партиципацијата биле издвоени 24 милиони денари.
ДА, износот е намален, но тие биле наменети ЗА користени здравствени услуги.
Да ја видиме 2005-та.
За 2005-та има благо накачување на износот НО е за искористени здравствени услуги.
За 2006-та го има истиот износ НО како и 2005-та.
Износот на средства издвоени за покривање на партиципацијата во 2007-ма е намален на 21 милион денари.
Средствата за партиципација за 2008-ма се намалени на 19.5 милиони денари.
Средствата за 2009-та првично изнесувале 19.5 милиони денари, за подоцна со одлука на Владата да бидат намалени на 16 милиони и 812 илјади денари.
Средствата за 2010-та го допираат речиси најниското ниво од сите години за кои се изработува ‘Програма’, односно изнесуваат 3.3 милиони денари.
Првичните средства кои биле наменети за покривање на партиципацијата за крводарителите во 2011-та годинабиле 3.763 милиони денари, но подоцна биле зголемени на 4.5 милиони.
Првичната ‘Програма'(ја има објавена на нашиот сајт) за 2012-та имаше издвоени 3 милиони денари, за подоцна тој износ Владата го намали на рекордно низок износ од 1 милион денари.
Тука ќе им се заблагодариме на креаторите на ‘Програмата'(ИТМ), нејзиниот одобрувач(Министерството за здравство) и нејзиниот усвојувач(Владиниот состав од 2012-та година).
Навистина сме им благодарни што имале толкава доверба во нашето здравје, претпоставувајќи дека незабележителен дел од крводарителите ќе имаат потреба од здравствени услуги, ама можеле да издвојат малку повеќе средства за нас!
Износот издвоен за покривање на партиципација во 2013-та изнесува 5 милиони. Далеку под 32-та милиони кои се одвојуваа во 2001, 2002 и 2003, ама сепак е за нијанса подобро од претходната година.
И следната 2014-та година бележи пораст, односно изнесува 9 милиони денари – во иницијална форма. Во текот на годината Владата усвои корекција и ја намали на 8.2 милиони.
Еден до некаде позитивен пример е 2015-та година.
Во првичната усвоена верзија износот беше 9 милиони денари, за да истата биде преиначена во 19 милиони.
2016-та повторно бележи намалување во однос на претходната, и изнесуваше 9 милиони денари за покривање на партиципацијата за користење на здравствени услуги.
Програмата за 2017-та има проектирано 7.3 милиони денари за надоместок за партиципација при користење на здравствени услуги на дарители со повеќе од 10 дарувања.
Во Програмата за 2018-та првично беа испланирани 8.4 милиони денари, за да со нова одлука на Владата износот се зголеми на 13.263 милиони.
Овој пат ќе го цитираме речиси целиот член, бидејќи е конкретен:
Износот од 17 милиони е наменет ‘за надоместок за партиципација при користење на здравствени услуги на дарители со повеќе од 10 дарувања, и исплатата се врши квартално ДО ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ КОИ ИМААТ СКЛУЧЕНО ДОГОВОР СО ФЗО на Р.М. за тековната година’.
Во текот на годината износот беше зголемен на 22милиони денари.
Износот за 2020-та првично бил 17 милиони денари, но накнадно бил корегиран на 32 милиони.
Да повториме:”до З.У.(ЈЗУ и ПЗУ) кои имаат склучено договор со ФЗОМ за тековната година’.
Средствата за 2021-ва година се 34 милиони и се користат за ‘ЗУ(ПЗУ и ЈЗУ) кои имаат склучено договор за пружање на здравствени услуги со ФЗОМ за тековната година.’
Првичниот износ за 2022-ра изнесуваше 34 милиони денари, но истиот бил корегиран на 39 милиони денари наменети ‘за надоместок за партиципација при користење на здравствени услуги на дарители со повеќе од 10 дарувања кон ЗУ(ЈЗУ И ПЗУ) кои имаат склучено договор за пружање на здравствени услуги со ФЗОМ за тековната година.
ПРОГРАМАТА за 2023-та.
Овој пат ќе ја погледнеме целата програма бидејќи сакаме да акцентираме уште еден дел од неа, покрај тој за кој е денешната објава.
Во Табела број 1, ставка број 9: Одржување на мобилна апликација се издвојуваат 12 месечни уплати по 2.000 денари, што е сосема ВО РЕД.
Тоа што не е во ред е што:
– во 2020-та се издвоени 812.000 денари за изработка на апликација за крводарителство;
– во 2021-ва се издвоени 350.000 за надградување на истата, како и 233.000 за нејзино објавување на ЕПЛ и одржување на истата;
и најважното
– што никој ја нема видено бидејќи истата сеуште не е објавена.
Но тоа не е темата на оваа објава, туку содржината на последната страница од Програмата за 2023-та.
За 2023-та година се издвоени 19 милиони денари но, за разлика од претходните години, истите се наменети: ‘за надоместок за партиципација при користење на здравствени услуги за дарители со повеќе од 10 дарувања, квартално, ДО ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ(ЈЗУ, овој пат се изоставени ПЗУ, во кои спаѓаат и матичните лекари, нивните приватни ординации како и сите други специјализирани ординации, болници и клиники).
БАРАМЕ ИТНА РЕАКЦИЈА И КОРЕКЦИЈА!
Бараме образложение за оваа измена, но воедно бараме и очекуваме ЈЗУ ‘Институт за трансфузиона медицина’ веднаш да подготви корекција на програмата, истата да се одобри од Министерствто за здравство и да се усвои на првата наредна седница на Влада со цел да се корегира овој (не)намерен пропуст!
Во име на сите крводарители,
Претседател на Здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ
Дамир. Смајловиќ.