На денешен ден, 01.07.1946 е воспоставена првата трансфузиолошка станица во рамките на тогашната ‘Земска’ болница во Скопје, а сега попозната како Клинички центар ‘Мајка Тереза’
Да направиме краток осврт на крводарителството од осамостојувањето, па се до денешен ден, за да на крај се вратиме на почетокот на оваа честитка на системот кој ја обезбедува наскапоцената течност, течноста која живот значи – КРВТА, од нашите вени.
Општа анализа на развојот на крводарителските бенефиции.
Како што гледате, и како се сеќаваат крводарителите од кои поголемиот дел веќе ја завршиле својата крводарителска кариера, наследените бенефиции од претходната федерација(на почеток само се препишуваа законите) беа кратко кажано: ПОТПОЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СИТЕ МОЖНИ ПАРТИЦИПАЦИИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ЗА КРВОДАРИТЕЛИТЕ.
После тоа дојдоа нашите мили политичари и нашите бенефиции почнаа да се менуваат. Се разбира, кон полошо.
Како што може да се види, лекувањето на устата и забите беше намалено за ставката протетика, беа отстранети протезите, ортопедските и другите помагала и средства изработени од стандарден материјал и слушните помагала.
На тој начин законодавците, или барем одговорните во надлежните институции, гледаа на тие од чии вени зависи функционирањето на нај виталното министерство во Владата.
Одличен напредок, зарем не?
Во 2012-та година се донесе новиот закон за здравствена заштита.
Ако некоја акција е катастрофално поразителна за крводарителите, тоа е дефинитивно оваа.
Ако во ЗЗЗ од 1993-та имаше цел член 76 (видете ја втората слика), во верзијата која ја изгласа собранието КРВОДАРИТЕЛ како поим не постои!
Да, од права загарантирани со закон, се се сведе на ова:
Во целиот закон на 2 места може да се најдат зборови кои почнуваат со КРВО. Член 16 е едниот, а вториот е неважен, бидејќи се осврнува на формирање на службата за трансфузиологија.
Уште еден, помалку познат, интересен факт е дека деновите од крв МОЖЕ да се водат како боледување.
Да, убаво прочитавте: БОЛЕДУВАЊЕ!
Истиот пратенички состав го изгласа ЗЗО, каде во член 18 пишува дека ако не се добие платено отсаство од работодавачот, на незваничен начин може да се земат 2 дена боледување и истите да бидат покриени преку фондот.
Дали некој знаел за ова и дали успеал да го наплати, не знаеме.
Ова остава простор да се земат денови и од скржавите работодавачи, а да не дојде до финансиски загуби (сопирање од плата) на крводарителот.
Продолжуваме понатаму!
Некаде кон крајот на 2015-та година дојде до организациска промена во рамките на дијагностиката во рамките на министерството.
Со ова дигитализирано закажување на термини се изгуби таа мала предност на крводарителите, која и онака ретко кој ја користеше.
Да бидеме реални, истиов пропуст е поправлив!
Планираме да поднесеме иницијатива да се воведе задолжителна квота (број, 5-10%) на своевидни приоритетни прегледи, кои ќе може да се пополнуваат само од крводарители со одреден број на дарувања.
И кога мислевме дека го допревме дното, дојде уште едно замаскирано кратење на бенефициите…
Со овој гест законодавците, во истиот месец кога се изгуби приоритетот за преглед, го укинаа ослободувањето од партиципација кај матичните стоматолози на примарно ниво, лекувањето во странство и една мала и неважна работа: лекарствата на рецепта, нешто што на ниту еден крводарител никогаш не му требало ниту ќе му треба.
Е, на овој начин размислувале уредувачите на нашите бенефиции во тоа време.
Заложбите на невладината-партнер
За жал, крводарителските здруженија во тоа време беа потполно маргинализирани ( не дека е денес нешто многу сменето на тоа поле, ама барем во меѓувреме се организиравме на сите социјални мрежи), немаше соодветна реакција и дојде до обид за идење еден чекор понапред…
Ова е став на званичниот партнер на државната служба за трансфузиологија, кој ги има сите можни законски и протекциски добиени надлежности (п.с. според нивниот закон тие само го популаризираат?!?! и подржуваат крводарителството со помагање на организација на акциите) ова го смета за мотивација, немаме што друго да додадеме на оваа конкретна тема. Заклучокот ќе си го донесете самите!
Да го поткрепиме тоа што е пишано во заграда, следните 2 слики се од членот 19 од единствениот закон кој е изгласан во функција и за функционирање на невладина организација.
Ова прашање ќе го погледнеме и од друг аспект, односно како е регулирано во рамките на `Законот за безбедност во снабување со крв`:
Работите се толку многу испреплеткани, што ние во моментов навистина не знаеме до каде се чии ингеренции, кои закони се следат или се иде по некое непишано правило.
Збунувачки е членот 39, од претходно наведениот закон, или поточно:
Ако веќе постои законски уредено тело: `Стручен совет за снабдување со крв` се наметнува прашањето: `Врз кој основ е дадена ваква објава’:
За тие кои не се упатени, ова е објавено на единствената активна ФБ страница на трансфузиологија. (ЛИНК)
Како знаеме дека е така? Видете сами на следната слика!
Да се вратиме на самата спорност на горната објава.
Дали состанок помеѓу 2-3 претставника од трансфузиологија и 2-3 претставника од невладината е доволно меродавен за да се бајпасира законски уреден Стручен совет
и да се дадат заклучоци и препораки? Да бидеме реални, немаме право да судиме за компетентноста на поединци, ама цел еден совет да биде заменет со само 2 организации е неопфатливо за краток коментар, а е и спротивно на законот на едната од страните кои биле пристани на состанокот.
Идеме понатаму.
Сето тоа што крводарителите го мислат за хумана работа на невладината организација е фактички финансирано, или барем во одредени рамки поддржано од државата.
КАКО?
Отприлика на начинот кој ќе го прикажат следните неколку слики.
Тоа беше за 2018-та, а за 2019-та имаше зголемување на `капитација` по реализирана единица крв, односно:
Додека сме кај зголемувањето на `капитацијата`, зголемувањето на истата за 2019-та, по некоја случајност се поклопи со завршување на проект со кој се правеа крвни слики на крводарителите за секое дарување (ако крводарителот го побара тоа).
Логично се наметнува прашањето: `Дали е тоа алокација на средства од една ставка во друга, само за да се задоволат апетитите на одредени чинители во `системот`?`
Интересен пресврт или визија…
На оваа објава налетавме пред извесно време.
Во моментов наша најголема дилема е: КОЈ Е ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КРВОДАРИТЕЛИ?
Последен пат кога проверивме во Централниот Регистар најдовме евиденција за 9 здруженија, од кои 5 активни, а од тие пет 4 се дел од Крводарителската Коалиција.
Кој е мистериозниот претставник и од кое званично регистрирано здружение на крводарители е? Се надеваме дека наскоро ќе го дознаеме името на дотичниот/та, кој во стручниот совет немо ги аминува сите измени кои се на штета на крводарителите.
Да продолжиме понатаму!
Системски пропусти.
Минатата календарска година, не роденденска бидејќи има уште доста работи за честитање, ќе ја одбележиме со уште две работи.
Кон крајот на Ноември 2019-та се прекина праксата да не се наплаќа паркинг на крводарителите кои со сопствено возило дошле во клиничкиот центар (во Скопје) да даруваат крв.
Оваа одлука не знаеме дали да ја оквалификуаме како смешна или како жална! Наместо праксата да се прошири и во другите градови, истата помина под радар и ниту еден од двата официјални застапници или заштитници на крводарителите не пушти никакво известување, ниту пак јавно искажа дека прави напори да се реши проблемот – се додека ние не го исфорсиравме преку социјалните мрежи, па се до изјава дадена на еден национален медиум.
Дали е тоа смешно или жално, пресудете Вие!
Втората работа која би сакале да ја спомнеме е неразјаснетиот случај за апсолутниот првак во дарување на полна крв, со феноменални 218 дарувања (линк).
Повторно ќе кажеме: СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ГОСПОДИНОТ, но во исто време ќе прашаме: ДАЛИ НАДЛЕЖНИТЕ СУБЈЕКТИ СИ ЈА РАБОТАТ РАБОТАТА КАКО ТРЕБА?
Зошто?
Па, одговорот на тоа прашање лежи на следната слика.
Ако ги следиме позитивните законски прописи, крводарител може да дарува полна крв најмногу 4 пати годишно, додека крводарителка може да дарува најмногу 3 пати. Не би навлагале во светски пракси, каде во поедини земји може да се дарува на 2 месеци, или земји во кои горната граница е 70, 73, 75 и повеќе години. Ќе се задржиме на нашата, и ќе прашаме: `Како е можно човек за (65-18=)47 години да постигне бројка која реално(ако се следат прописите) може да се направи со 54 години дарување на крв на секои 3 месеци?
Дали надлежната служба и нејзината партнер – невладина не разменуваат важни информации, како на пример таа дека еден крводарител дарува толку често што може да си го загрози своето здравје?
Одговорот на ова прашање се бара, во моментов, насочено.
Таа тема не е завршена, бидејќи ние нема да отстапиме се додека не откриеме каде затаил системот, и согласно заклучоците, да наметнеме измена во системот во вид на формирање на тело кое ќе ги надгледува овие сегменти од крводарителството. Се разбира, мандаторно ќе биде претставник на крводарителите да биде носител на таа активност, ако ова испитување на случајов покаже дека претходно спомнатите субјекти може да си дозволат еден ваков пропуст.
Сета оваа анализа за привилегиите доведе до следното прашање.
Поголемиот дел од крводарителите добиле во своето поштенско сандаче покана за крводарителска акција.
Можеби ова не е пракса во другите градови и населени места, ама барем во Скопје е прилично редовно(согласно последното евидентирано дарување на крв во Општинската организација на невладината).
Како следен прилог е слика од задната страна на поканата.
Им се заблагодаруваме за поканата и (дел од) фактите кои се презентирани на неа.
Особено им се заблагодаруваме за тоа што Потврдиле дека старосните граници за дарување на крв се од 18-65 години, како и дека крводарителите може да даруваат 4 а крводарителките 3 пати годишно.
Тоа ќе ни треба за да ги потсетиме кога ќе побараме потврда за сите 218 дарувања на добитникот на наградата.
Во овој момент ЈАВНО ПРАШУВАМЕ ЗОШТО на државно финансиран флаер(се гледа дека во програмите е проектирана изработка на 40ооо покани за акции) стојат дезинформации( застарена информација е дезинформација!) од видот:
– Крв може да дарувате СЕКОЈ ДЕН ВО СЕКОЈА БОЛНИЦА, кога и самите знаат дека од 01.01.2019-та година ИТМ направи реорганизација, и освен во Центрите, во трансфузиолошките служби може да се дарува само во понеделник и во четврток? Ако не се сеќаваат на овие измени, нека ја прочитаат објавата која пред 4 дена ја објави ИТМ преку својата единствена активна ФБ страна;
– Правата на крводарителите се регулирани со ЗЗЗ и други акти. Дали воопшто ги следат правните норми кои го регулираат крводарителството и кои ги дефинираат правата на крводарителите? Законот е сменет во 2012-та, и членот кој ги дефинираше правата на крводарителите ЗА ЖАЛ е историја! Ова значи дека најмалце 8 години споделуваат дезинформации со неажурирање на повикот за крводарителска акција, финансиран(според годишните програми) во 40ооо примероци со државни пари.
– Крводарителот има предност при укажување на здравствена заштита освен ако има итен случај? Нешто што постои само на хартија од 2015-та, и тоа само на таа која тие периодично им ја праќаат на крводарителите. Повторно ќе кажеме: ФИНАНСИРАНА СО ДРЖАВНИ ПАРИ, наменети за доброто и доброто информирање на крводарителите.
Да продолжиме во исто темпо.
Не затекна светската пандемија на вирусот КОВИД и доведе до стагнација на крводарителството, а со што нагло се зголемија/зачестија јавните повици за крв.
Затоа што се почесто се случуваат јавни повици за крв, затоа што системот за некое чудо е во глобала стабилен, а најмногу не чудат објави на кои налетавме во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи.
За кои објави станува збор?
Прво во око ни падна објавата на една од официјалните страници на многу позната невладина организација. Ја пренесуваме делумно со следните неколку слики…
Кога ги отворивме сликите, видовме нешто што ни привлече внимание.
Во око ни падна левиот дарител, кој ги нема модерните аксесоари, како на пример маска.
Во моментот кога помисливме дека се работи за некои стари слики, добивме потврда дека еден од дарителите на сликите е и функционер на локалната самоуправа.
Нејсе.
Ја објавивме нашата забелешка на нашите профили и… Втор бран!
Слична објава најдовме на една од официјалните фејсбук страни на трансфузиологија.
И тоа ќе го прикажеме на следните неколку слики.
Ги отворивме и тие слики за да ја потврдиме претходната аномалија, и…
Да се потсетиме кои се ТЕНК:
Си го поставивме прашањето: ДАЛИ СМЕ НИЕ НЕУПАТЕНИ ЗА АКТУЕЛНИТЕ ВЛАДИНИ ПРЕПОРАКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА СО КОРОНАВИРУСОТ?
Ова прашање не натера да го отвориме профилот на министерот за здравство, господинот Венко Филипче, каде ги најдовме следниве 2 објави…
И малку постара објава, на први Мај во 11 часот:
Кој се грижи за безбедноста на тие кои доаѓаат и со својата крв спасуваат туѓи животи?
Зошто наместо да се обезбедат заштитни средства за крводарителите, некој од организаторите на крводарителските акции свесно дозволува нивното здравје да биде загрозено?
Дали е ова според декларираното: `За остварување на таа цел нашата визија е да бидеме Оддел кој успешно и според Европски стандарди применува колегијалност и тимска работа, и континуирано го негува позитивниот и професиналниот однос кон крводарителите. `
Дали вака се почитуваат препораките на Владата, кои секој ден ги пренесува министерот пред кого отчет даваат одговорните од трансфузиологија?
Додека сме кај отчетот и кооперативноста…
Во садот во кој ги собиравме капките кои протекуваат низ нашиот, навидум идеален, систем за трансфузиона медицина, денешната капка се прелеа.
Како прво, би сакале да истакнеме дека ни е исклучително мило што системот го преброди речиси целиот период со вонредни состојби без поголеми проблеми, како на пример следниот:
Нема да навлагаме во детали. Можеби се работело за проверка на крв на пациент, кој бил заболен од болеста, а не крводарител.
Во секој случај, службата беше затворена извесен период а крводарителите беа пренасочувани во други служби.
И додека сите работи се презентираат како идеални, ние решивме да гребнеме под позлатата на системот.
Eдинствената активна фејбук страница на трансфузиологија во последниот период има, барем според нас, несоодветни објави.
Прво ќе појасниме за која страница се работи, а после ќе преминеме на спорните начини на функционирање.
Основачот на страницата го напишал следното за самата страница:
Првата нетипична објава, односно објава со несоодветна содржина, ja забележавме пред неколку месеци:
Кој од ЈУ ИТМ си дал за право да лобира за намалување, ако не и укинување, на бенефициите на крводарителите? Така ли се грижат за тие од чии вени зависи целиот систем? Така ли се мотивираат старите крводарители да ја продолжат својата хумана мисија, а на истиот начин и да се мотивираат нови дарители: ДАРУВАЈТЕ ВИЕ КРВ, А НИЕ ЌЕ ГЛЕДАМЕ ДА ВИ ГИ СКРАТИМЕ ЕВЕНТУАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ? Прашање за кое не добивме одговор од денот кога беше најавена акцијата со овој спорен хаштаг. Можеби наскоро ќе не удостојат со одговор и јавно ќе кажат какви се нивните планови за крводарителските бенефиции, чисто да си знаеме.
Втората работа која беше објавена на страницата, а која се коси со вчерашната објава на ТВ СИТЕЛ е во врска со една од акциите кои во периодот со вонредна состојба
. При јасни насоки за задолжително носење на заштитна опрема, особено во затворени простории, самата страница `се пофали` дека на акција дозволиле да присаствува и да дарува крв едно лице кое не носи заштитна маска. Имаше и други пропусти според нас, ама тоа ќе може да го прочитате на линкот кој ќе биде под самата слика.
Акцијата беше и помина. Одговорност за пропустот ќе се бара откако ќе се среди целата состојба со вирусот, бидејќи е недозволиво нечија небрежност да го загрози здравјето на тие кои дошле со својата крв да спасат нечиј живот! Со тоа ја затвораме и таа тема.
Најспорниот момент во врска со самата страница, која како единствена е и релевантен извор на информации, е нејзината достапност.
Ние, како сериозно Здружение кое ги пресретнува сите јавни повици за крв и повикува дарители со цел да се обезбеди крвта, имаме потреба да добиеме релевантна информација за веродостојноста на повикот од соодветните трансфузиолошки служби.
Вака изгледа една коректна комуникација. Проблемот е во следните:
Се наметнува прашањето: ДАЛИ Е СЕ ТОЛКУ СЈАЈНО КОЛКУ ШТО ИЗГЛЕДА? Дали официјална страница на социјалните мрежи на сериозна институција, особено за ваква тематика, смее да си дозволи вака неозбилен пристап?
Бараме да сноси одговорност целиот ПР тим кој стои позади страницата, бидејќи поради нивниот ноншалантен однос, Ние не можеме да потврдиме дали повикот е активен и колку единици крв се потребни за истиот.
Блиски на семејството, оптеретени со состојбата на нивниот близок, ни се обраќаат за помош а Ние сме целосно игнорирани од системот. Нечиј живот зависи од навремената информација која, за жал, зависи од луѓе кои очигледно се или незаинтересирани или неупатени во начинот на кој би требало да функционира официјален профил на социјалните мрежи.
Уште еднаш повикуваме за соработка, како и со официјалните дописи од 06.12.2018-та и 06.12.2019-та година, нормализација на односите и рамноправен статус за да заедно изградиме еден подобар систем: За службата, За крводарителите и За тие кои имаат потреба од крвта.
Не е време за битки на суети!
Недоследностите и пропустите не запираат тука.
Како што е ред, на крводарителите и на тие кои имаат потреба од услугите на ЈУ ИТМ и нејзините служби, го појаснуваме функционирањето на системот.
Го отворивме сајтот на ЈУ ИТМ и ги најдовме следните информации:
Во око ни западнаа првите две наведени служби.
Дали е точна оваа информација? Дали овие служби воопшто функционираат? Според наши информации НЕ.
Прашањето е: Од кога не функционираат и зошто не е ажуриран сајтот од тогаш?
Идеме на следното спорно прашање, односно работните времиња на поедините служби.
Вчера се јавивме на бројот на дежурниот доктор во ЈУ ИТМ за да прашаме дали има измена во работните времиња, односно дали сеуште се примаат дарители на крв само до 17:30. Одговорот беше дека сеуште не е сменето работното време.
Како што гледате, јасно се дефинирани и дополнително скратени работните времиња согласно (во тој момент) условите кои беа дополнително уредувани со мерките за справување со вирусот.
Оваа одлука е проблематична ако се земат во предвид објавите на нивната ФБ страница и информациите кои се застапени на неа.
Што е тука спорно?
Одеднаш се појавува информацијата дека службите во Битола, Тетово и Штип работат со крводарители и во Сабота.
п.с. Ако е информацијата од флаерот кој го споделуваат на својата официјална страница и на својата единствена активна ФБ страница, ЗОШТО ОВАА САБОТА СЛУЖБАТА ВО БИТОЛА НЕ ПРИМАШЕ КРВОДАРИТЕЛИ?
Имаме информација од крводарител дека службата не била отворена, како и дека не можел да стапи во контакт со никој од неа.
Додека сме кај спорните информации кои се објавуваат на самата страница, а во контекст на крводарителските акции, еве го изводот на акциите од претходната работна недела.
Да појасниме за начинот на дефинирање на акциите: Секој четврток се дефинира конечниот список на акции за следната работна недела.
Кој ја вметнал акцијата во Крушево, која не е во неделниот распоред кој е јавно истакнат на официјалните профили и страни? Прашање за кое искрено не очекуваме одговор бидејќи, за жал, немаме добиено одговор ни за многу поважни прашања.
Да се навратиме на работното време, односно дека истото ќе биде до 18 часот.
На 4-ти Мај добивме повик, на нашата официјална ФБ страница, за потреба на крвна група 0- за оперативен зафат.
Ние повикавме дарител да се обезбеди крв за повикот, што може да го видите на следната слика.
Крводарителот стигна во ЈУ ИТМ во 17:25 и беше вратен бидејќи било завршено работното време со крводарители.
Мораме да напомнеме дека крводарителот беше најавен кај дежурниот доктор во 15 часот, и бидејќи добивме потврда дека ќе биде примен, не го откажавме повикот.
Ние во 17:27 минути повторно се јавивме кај дежурниот октор да побараме објаснување зошто не беше примен крводарителот. Одговор, барем не логичен, не добивме.
Се наметнува прашањето: Кој сегмент од јавниот сервис функционира како треба? Работното време не се почитува, акции се откажуваат и вметнуваат, се објавуваат несооdветни содржини и нема соодветна комуникација на официјалните страници, не се почитуваат законски одредби и не се врши контрола на начинот на кој партнерот-невладина ги користи буџетските средства одобрени од ЈУ ИТМ(дел може да се најде на следниот ЛИНК ) и ред други работи.
Ќе привршиме со уште една пропагандистичка објава, за која ќе можете да пресудите и Вие, освен ако имате тешки нарушувања на видот.
Пред десетина дена беше вирална објавата за млада девојка која дарувала плазма, како рековалент од КОВИД-19, за да помогне на друг болен. СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА НЕА!
Пак ќе кажеме: Секоја чест на девојката за дарувањето и на заслужените хвалоспеви на сите можни медиуми.
Проблемот е друг:
Огромна почит за рековалентот кој навистина дарувал плазма на апарат, за разлика од девојката која дарувала полна крв од која, со обработка, дел ќе се издвои како плазма и ќе се ординира на заболен од КОВИД-19 и ќе му помогне – АМА ДАРУВАЛА КРВ, а протоколот е за ДАРУВАЊЕ НА ПЛАЗМА!
Да ве потсетиме на дел од вашиот протокол за обезбедување на плазма од рековалент:
За една сериозна здравствена установа, која покрива витален дел од здравството како неопходна поддршка, премногу често се импровизира со делумно точни изрази.
Престанете со праксата да го именувате дарувањето на полна крв, која накнадно треба да се обработи и да се добие плазма, со дарување на плазма. Дарувањето на крв од која ќе се добие плазма и самото дарување на плазма имаат разлики во најмалце два сегмента: Фреквенцијата(крвта ќе може да се дарува на секои 3/4 месеци а плазмата на неколку недели) и квантитетот( од единица крв може да се добијат до 55% плазма, а со плазмафереза може да се добие безмалку двојно плазма со едно дарување).
Почитувани, времето на импровизации заврши!
Бараме во најкус можен рок да има разврска парадоксот на нашиот систем!
Да се навратиме десетина години во минатото и да го разгледаме формирањето на моменталниот систем за снабдување со безбедна крв.
Парадоксот на системот
Во далечната 2007-ма се удрени темелите на моменталниот систем, кој ние го знаеме како Институт за трансфузиона медицина, со донесувањето на Законот за безбедност во снабдувањето со крв
.
Ова е одлична информација, бидејќи се воведуваат некои нови прописи и стандарди. Се воведуваат барем на хартија, но во моментов нема да се осврнеме на дел од тие пропусти. Нив можете да ги прочитате на овој ЛИНК.
Овој блог е за една голема системска аномалија, за која не се свесни 70% од крводарителите и околу 90% од другите луѓе – освен ако не биле лежечки пациент во ГОБ и имале потреба од крв.
За што станува збор? Видете на следната слика.
Во што е тука проблемот?
Проблемот е што системот на ИТМ е формиран додека трансфузиолошкото оделение во ВОЕНА, сега веќе ГОБ, беше под ингеренции на министерството за одбрана и најверојатно сеуште е.
Некој ќе каже дека тоа и не е некој проблем, се додека не го отвориме украсното пакување на целот систем.
Проблемот е што системот ГОБ ја гледа како страно тело!
Дали сте запознаени со фактот дека сета крв која се користи во рамките на ГОБ е потребно да се обезбеди во рамките на тоа одделение? Да не бидеме крути во изразувањето: ПОЖЕЛНО Е да се дарува таму.
ЗОШТО?
Затоа што ако нема доволно крв во ГОБ, за да се обезбеди истата се нуди опцијата за обезбедување на `фамилијарни дарители` или таа да се требува од ИТМ, со што постои веројатност истата да му биде фактурирана на здравствениот осигуреник при негово отпуштање од болничкото лекување.
Тоа се причините зошто нашето здружение упорно инсистира и апелира крводарителите кои се во можност, да ги направат своите дарувања во ГОБ:
1. Да не дојде до можност за кусок на крв ( во 10 годишното искуство на помагање при јавни повици за крв на социјалните мрежи, приближно: 80% се за пациенти во ГОБ, 10% се за во приватните клиники, околу 5% се за другите градови и околу 5% се за дарители на тромбоцити на клиника);
2. Да се избегне евентуално ставање на нашите осигуреници во поголеми трошоци, само затоа што крвта ја требуваат од ГОБ а не на пример од Хируршка болница Наум Охриски
.
ДА, убаво прочитавте!
Ако при сообраќајка едниот патник биде однесен во ГОБ а друг на клиника, за патникот кој завршил на клиника ќе се обезбедува крв од сите трансфузиолошки оделенија во рамките на системот на ИТМ, додека за другиот ќе треба да биде обезбедена крвта во ГОБ со цел да се избегне фактурирање на истата.
Оваа година навршија 10 години од оваа парадоксална ситуација, а проблемот сеуште не е решен.
Во овој момент ги потсетуваме министрите за здравство и за одбрана дека не е завршена потполна трансформација на бившата Воена болница и дека има работи кои треба да се решат!
ИТМ заедно со партнерите активно продолжува да го игнорира овој проблемна следниот начин.
Налетавме на овој флаер на социјалните мрежи и повикуваме на освестување до сите инволвирани во неа за овој конкретен системски пропуст. Зошто е изоставена ГОБ?
Тука мораме да го нагласиме моментот дека ГОБ е во моментов КОВИД-19 центар, дека во неа има и пациенти кои се заразени, дека ако дојде до кусок на крв и се побараат `фамилијарни` дарители на крв, постои голема веројатност истите да биле во контакт со болниот и со нивното доаѓање да даруваат крв да го компромитираат, односно отежнат, функционирањето на одделението за трансфузиологија а со тоа и на целата болница.
За крај би сакале да напоменеме дека оделението за трансфузиологија во рамките на ГОВ `8-ми Септември` работи со крводарители секој работен ден од 08:30 до 12:30 часот, што дополнително ја ограничува можноста за дарување во него на крводарителите кои работат само прва смена.
За моменталните потреби од конкретна крвна група можете да се информирате на бројот 02-308-7672.
Ве охрабруваме да се јавите и да го направите Вашето дарување во ГОБ ако резервите од Вашата крвна група се ниски, со цел да се избегнат јавни повици за крв.
Повикот за освестување и разрешување на оваа аномалија е јавен, и јавно ги повикуваме министрите да се заложат за нејзино конечно разрешување!
Пред самиот крај би сакале да упатиме јавно прашање до министерот за здравство, господинот Венко Филипче, дали ќе може да ни посочи каде да побараме информации за тоа како се потрошени и како ќе се потрошат средствата кои се одобрени за унапредување на крводарителството?
Ние, како крводарители, не приметивме драстично подобрување на крводарителството со ланското зголемувае на средствата од 15 на 25 милиони денари и не знаеме што би можеле да очекуваме со овогодинешното дополнително зголемување на финансиите од 25 на 40 милиони денари.
Освен тоа дека се реновираат некои постоечки капацитети, дека е набавен еден апарат за фереза и дека се набавени нови возила за спроведување на крводарителски акции, немаме видено некоја голема промена.
Напротив!
Со новите возила дојде до дополнителна компликација!
Неколку големи и традизионални акции беа откажани со изговор дека сега има нови возила и дека не би требало да се користат за релации/локации кои немаат соодветна патна инфраструктура. Дел од нив се традизионалната акција за Илинден на Мечкин Камен, акцијата која се одржува за ‘Св. Апостол Петар и Павле’ во селото Папрадиште и уште неколку други акции.
Завршни зборови.
Додека сме кај доброто на крводарителите
, уште еднаш им се заблагодаруваме за сите работи кои ги (или не ги) направиле за крводарителите, им го честитаме денот и им посакуваме уште најмалку толку години исполнети со успешно реализирани проекти и активности.
Воедно, посакуваме дека следната честитка нема да биде волку освестувачки настроена, и дека конечно ќе снајдат сили и начин да си признаат дека целиот систем зависи од крводарителите а не од самиот систем.
Нека им е честита годишнината!
Претседателот на ЗКПК КРВОДАРИТЕЛ Скопје.
Pingback: Јавен повик до крводарителите и институциите » opserver.mk