ПРОГРАМA 2007(2006)

Програмa за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2007-та, со краток компаративен осврт на 2006-та година.

 

И денес продолжуваме со објавување на ПРОГРАМИТЕ кои го дефинираа крводарителството во изминатите 22 години.

Да започнеме со првата страница.

ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 1
ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 1

Оваа програма, за разлика од претходните, е подолга за цела страница.

Да видиме какви измени има во страниците вон овие стандардните.

 

ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 2
ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 2

Од оваа страница ќе го нагласиме последниот дел од 2. ПОТРЕБИ ОД КРВ, односно:
За болните и повредените од внатрешноста, кои се лекуваат во КЦ-Скопје и во приватните клиники кои имаат склучено договор со ФЗО, како и за резерви, секоја од општините е должна 30% од остварените количини на крв да ги упати во РЗТ.

Идеме на следната страница.

ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 3
ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 3

Од третата страница ќе посочиме:
– Крводарителите добиваат симболични подароци со знак на Црвен Крст или крводарителски белези и пораки.

Прашањето кое се наметнува е:
– ДАЛИ ПОДАРОЦИТЕ ДОБИВААТ ПОДАРОЦИ ОД ЦКРМ ИЛИ ЦКРМ САМО ГИ ДЕЛИ ПОДАРОЦИТЕ КОИ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ПРОЕКТИРАНИ СО ОВАА ПРОГРАМА?

Четвртата страница ни го кажува следното…

ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 4
ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 4

Од измените/дополните на оваа страница, ќе забележиме дека се додадени повеќе ставки во задачите на ИТМ, меѓу кои:
– води Национален регистар за дарители на крв (според место на дарување, крвни групи, ретки крвни групи, типизирани, одбиени дарители, дарители на плазма и клеточни елементи).

Идеме со вообичаено најинтересната страница, страница 5.

ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 5
ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 5

Забележуваме дека ставката “Стимулативни средства-подароци за крводарители“ бележи големо зголемување, односно од 110.000 на 1.000.000 денари.

Исто така гледаме дека износот за компензација на секоја планирана(55.000)/реализирана единица на крводарителни акции И ВОН НИВ е зголемен од 110 на 120 денари. Тука не можеме а да не се потсетиме на изјавата на директорот на ИТМ, во која спомна дека во 2021-ва е постигнат рекорд со реализирани 50.960 единици.

Се надеваме дека ќе обезбедиме одговор на прашањето: ДАЛИ СЕ ИСПЛАЌА ЦЕЛАТА ПЛАНИРАНА СУМА ДУРИ И АКО НЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТИРАНАТА БРОЈКА НА СОБРАНИ ЕДИНИЦИ?

Да преминеме на предпоследната страница од програмата за 2007-та година.

ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 6
ПРОГРАМА за 2006-та година, страница 6

На шестата страница од програмата за 2006-та година гледаме нова ставка:
– Организирање на едукативни форми(200.000 денари).

Едукативните форми ги организира ЦКРМ во соработка со ИТМ, а селекцијата на учесници се врши од нивна страна.

И за крај, можеби најважната страница за крводарителите…

ПРОГРАМА за 2007-та година, страница 7

Стручните лица/надлежни субјекти пратиле програма во Владата, која Владата ја усвоила, со дополнително намалување на финансиите кои се наменети за покривање на партиципациите на крводарителите.

Во програмата за 2006-та година средствата наменети за партиципацијата на крводарителите бележи најниско ниво од правењето на програми, односно 21 милион денари.

Да, ова беше лоша информација во таа година, ама наредната беше уште полоша…

Programa 7

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *